Цена, пакување, мирис: Што сè може да го промени вкусот на храната која ја јадеме?
Музика
Прегласната музика го уништува вкусот на јадењето и може да ви недостига нешто во јадењето додека го јадете. Но тивките мелодии ги засилуваат рецепторите за вкус и храната добива побогат вкус.
Мислењето на другите
Вкусот на храната исто така зависи и од психолошки аспект – мислењето на личноста со која јадете.
Ако јадете брза храна со некој што консумира само здрава храна, тогаш и вам јадењето ќе ви биде пресолено или премрсно, бидејќи чувствувате некоја грижа на совест.
Депресија
Вкусот на храната зависи и од расположението, бидејќи нивото на серотонин и норепинефрин влијаат на перцепцијата на слатко, солено и горчливо. Тоа се хормоните кои прават да посегнете по благо во моментите кога сте ментално опаднати и нерасположени.
Околината
Мислењето за храната може да биде под влијание на местото каде јадете, како и на стереотипите како – најубавите кроасани се во Франција, најдобрите пици во Италија и слично.
Дури и да постои пекара во близина на вашиот дом каде кроасаните се подобри од француските, едноставно ќе ви бидат повкусни ако ги јадете во Париз со поглед на Ајфелова кула.
М. М. | Црнобело