Цена, пакување, мирис: Што сè може да го промени вкусот на храната која ја јадеме?
Дали ќе ви се допадне вкусот на јадењето или не, зависи од вештините на готвачот, како и од квалитетот на самите производи.
Но, понекогаш, една иста храна, во различни околности може да ви има различен вкус, зависно од тоа каде и со кого јадете.
Всушност, на сетилото за вкус може да влијаат уште многу други фактори за кои не сте биле свесни.
Погледнете кои фактори можат да ви го сменат вкусот на храната и пијалаците:
Цена
Верувале или не, колку е поскапа храната, толку ви изгледа повкусна, а истото важи и за пијалаците.
Па така, ако испиете 2 чаши различно вино, и потоа ја најдете вредноста на двете, веројатно ќе му дадете предност на она што е поскапо.
Причината е во тоа што многумина се навикнати да мислат дека поскапото е и поквалитетно, па така психолошки влијаете на сетилото за вкус.
Пакување
Не е чудо што дизајнерите постојано се надминуваат себеси со пакувања и воведуваат некои новитети, за што повеќе да ги привлечат купувачите, а покрај на продажбата тоа влијае и на вкусот.
Па така, на децата ќе им биде повкусно млекото кое им го давате во омилената детска чашка, отколку ако им го дадете истото млеко во друга обична, непозната чаша.
Истото важи и за возрасните, на пример со триковите за „здрава храна“ – доколку на пакувањето има натпис дека нештото е здраво, им се чини повкусно и посреќни се додека кго консумираат.
Садови во боја
Во едно истражување докажано е дека исто подготвеното топло чоколадо кое се пиело во бела, црвена, портокалова и беж боја на чаша, им било со најбогат вкус и арома на оние кои го пиеле во портокалова и црвена.
Мирисот
Мирисот на храната влијае и на апетитот, па пријатниот мирис го прави јадењето многу попривлечно и повкусно.