Спречува болести и подмладува: Здравствени придобивки на кафето
Во последно време постојано кружат гласини за омилениот пијалак на голем број луѓе – кафето.
Некои велат дека не е добро за здравјето, но научниците сепак докажаа дека не само што не е штетно, туку и има здравствени придобивки.
Во продолжение, погледнете ја листата на здрави својства на кафето, кои ќе ви бидат мотив да не се откажувате од него, иако тоа не значи дека треба да претерате со количината.
1. Го намалува ризикот од цироза на црн дроб.
2. Ги намалува шансите за развивање на Алцхајмерова и Паркинсова болест.
3. Го намалува ризикот од развивање рак на дојка и простата.
4. Позитивно влијае на кардиоваскуларниот систем.
5. Го намалува ризикот од заболувања и проблеми со зглобовите, како и за камен во жолчка.
6. Го намалува ризикот за развој на дијабетес тип 2.
7. Ја подмладува секоја клетка во телото, ги елиминира малите брчки и спречува губење течности.
8. Ја зголемува јакоста на мускулите кај постарите и намалува ризик од падови и повреди.
М. М. | Црнобело