Како да познаете дека се храните правилно и немате потреба од диета?

Со доаѓањето на потоплите денови сите почнуваме да си ги гледаме недостатоците во изгледот, односно вишокот килограми.

kako-da-poznaete-deka-se-hranite-pravilno-i-da-ne-pochnuvate-dieti-01.jpg

Но, мора да признаеме дека понекогаш сите знаеме да претераме и непотребно носиме одлуки да почнеме да држиме строги режими на исхрана.

Посебно, оние кои редовно се хранат правилно, немаат потреба од ригорозни диети, треба само да додадат физичка активност.

Па, доколку не сте сигурни дали се храните правилно, следниве знаци ќе ви помогнат во тоа.

Ако се пронајдете во повеќето од нив, не го измачувајте телото со диети, само почнете да вежбате и ќе изгледате одлично.

Јадете кога сте гладни и престанувате кога сте најадени

Ја користите храната за да преживеете и да се најадете, а не за да се „гоштевате“ и да го полните стомакот само затоа што јадењето е вкусно.

kako-da-poznaete-deka-se-hranite-pravilno-i-da-ne-pochnuvate-dieti-02.jpg

Не го тортурирате организмот со диети

Постојано јадете исто и не му правите шок на организмот држејќи диета по диета, а во меѓувреме да си правите „cheat“ денови на кои качувате по неколку килограми.

kako-da-poznaete-deka-se-hranite-pravilno-i-da-ne-pochnuvate-dieti-02 (2).jpg

Вашата исхрана се состои од разновидна храна

Ако секојдневно внесувате различни типови храна, од салати, зеленчук, овошје, месо и вкусни здрави манџи, тогаш не е никаков проблем некогаш да земете и нешто што не е толку здраво, бидејќи редовно надокнадувате.

Уживате во тоа што го јадете

Способноста да уживате во тоа што го јадете е многу важна за вашето здравје, па доколку било кој оброк го јадете со задоволство тоа е одличен знак.

Всушност, многу е подобро така, отколку за време на јадењето да се оптоварувате со тоа колку калории јадете, дали е доволно здрав оброкот и да ги броите залчињата водејќи се по некој режим.

kako-da-poznaete-deka-se-hranite-pravilno-i-da-ne-pochnuvate-dieti-03.jpg

Постојано јадете доволно за потребите на телото

Доколку сте научени да јадете онолку колку што му е потребно на телото, ни помалку ни повеќе, тогаш нема причина да почнувате диети кои се базираат на изгладнување.

Водете се до вашиот начин на исхрана и давајте му ги на телото сите потребни хранливи состојки, во потребната количина.

Имате доволно енергија да правите што сакате

Добро е да знаете дека храната е и основниот извор на енергија за телото, а ако се храните правилно и внесувате разновидна храна, тогаш со сигурност имате енергија за да направите сè што сакате.

Спиете добро

Иако можеби сонот не го поврзувате со слабеењето, сепак сонот и исхраната се многу поврзани, почнувајќи од таму што кога спиеме не јадеме.

Правилната исхрана исто така многу влијае на добриот сон, па ако немате проблем со едното, нема да имате ни со другото.

kako-da-poznaete-deka-se-hranite-pravilno-i-da-ne-pochnuvate-dieti05.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 продукти кои (најчесто) ги миеме погрешно Дали знаете како правилно се мие зелката? Или пак, јаболката? Прочитајте дали ја...
6 правила што треба да ги следите за да ослабите без строги диети и напорни тренинзи Почесто гответе наместо да нарачувате храна и движете се секогаш кога имате можн...
Колку долго е безбедно да чувате зготвена храна во фрижидер (и како да познаете дали е расипана)? Повеќето зготвени јадења можете да ги чувате во фрижидер до три-четири дена, но ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg