Јаткасти плодови - кои да ги грицкаме, а кои не?
Доколку сакате да грицкате нешто здраво бидете сигурни дека јаткастите плодови се токму тоа што ви е потребно.
Сепак постои шанса да направите погрешен избор, па дури и некои од нив да ги уништат вашите најдобри намери да се храните здраво.
Со цел на вистински начин да го подобрите квалитетот на вашиот живот, во продолжение прочитајте кои јатки се корисни за вашето здравје, а кои до извесна мера можат и да ви наштетат:
Бразилски ореви
Бразилските ореви се навистина неверојатни, а низ светот луѓето особено ги ценат поради нивната високо нутритивна вредност. Истите содржат високо ниво на протеини, карбохидрати, а исто така богати се и со „добри“ масти.
Бразилските ореви претставуваат семиња од плодови со облик на кокос, кои растат на највисоките дрва во околината на реката Амазон. Покрај тоа што има високо протеинска вредност, бразилскиот орев можете да го користите и како замена за пармезан.
Лешници
Доколку сте фан на овие крцкави плодови, вие сте буквално речено благословени. Лешниците се богати со Витамин А и Витамин Б, а исто така имаат и здрава доза на диететски влакна. Тие се одличен пример за одржливо земјоделство, па не само што бараат малку вода, туку можат да напредуваат и во сурови почви, како и да преживеат на тешки временски услови.
Истовремено, лешниците помагаат да се спречи и ерозијата на почвата. Заклучок од погоренаведеното - никогаш не било повкусно да се биде пријателски настроен кон животната средина!
Ореви
Веројатно на овие јатки помислувате само во периодот околу празниците и најчесто ги консумирате во облик на торта и колачи. Доколку е навистина така, тогаш дефинитивно би требало да се засрамите. Богати со витамин Е и здрави масти, оревите се плодови кои во вистинска смисла помагаат за одржување на здрава срцева активност, па така голем број студии докажуваат дека при внесување на ореви во вашето мени, вие всушност го намалувате ризикот од срцев удар за цели 52%.
Со високото ниво на омега 3 масни киселини, оревите го зголемуваат нивото на серотонин во мозокот и на тој начин во одреден степен помагаат при соочување со депресијата.
Ф’стаци
Верувале или не, само 30g ф’стаци содржат исто ниво на калиум како 1 банана. Освен што се богати со протеини и влакна, ф’стаците исто така помагаат при регулирање на нивото на холестерол и гликоза во крвта.
Доколку ги додадете во вашето дневно мени, тие дефинитивно ќе ви помогнат да го намалите ризикот од развој на дијабетис тип 2.
Во продолжение погледнете кои плодови не е препорачливо да ги консумирате.
Макадамски ореви
Доколку имате проблеми со телесната тежина макадамските ореви се токму она што треба да го избегнувате. Една мала порција (филџан) макадамски ореви содржи речиси 1.000 калории, па тоа би изгледало како неверојатно лесен начин да внесете половина од потребната дневна доза калоричен додаток.
Истата оваа количина на макадамски ореви содржи 102g масти, а тоа е многу повеќе од она што му е потребно на вашиот организам на дневна основа.
Диви костени
Покрај тоа што навидум изгледаат премногу слично, костените и дивите костени не се поврзани и имаат сосема различен состав. Секој дел од дивиот костен содржи токсин кој што може да предизвика повраќање, а во преголеми дози и парализа.
И покрај тоа што можете да слушнете и прочитате одредени начини како да ги истиснете токсините од кочанот, наша препорака е да не го правите тоа и доколку имате сомнеж, да не ги јадете. Па доколку најдете паднати костени во градските паркови, не се радувајте премногу, веројатно станува збор за див костен.
Семки од кајсија
Семките од кајсија знаат да бидат навистина вкусни, меѓутоа поради соединенијата кои ги содржат истите можат да бидат опасни, а во екстремни ситуации и смртоносни.
Ваквите плодови се полни со еден вид цијанид, кој е потребно да се отстрани пред истите да се консумираат во облик на зачини и ароми. Семките од кајсија содржат нешто што се нарекува хидролатска киселина и истата исчезнува со загревање.
С. У. | Црнобело