Бонтон во ресторан: Како се јаде азиска храна, паста, пастрмајлија?
Денес имаме толку многу достапни кујни и специјалитети од кои може да бираме, но тоа не значи дека ја имаме усовршено техниката за нивно правилно консумирање.
Само сетете се колку време ви требаше да научите како да ги користите стапчињата наместо виљушка...
Па, следен пат кога ќе седнете на пастрмајлија или ќе влезете во отмен азиски ресторан, вреди да ги почитувате бонтон правилата за јадење:
Соја сос
Садот никогаш не треба да го полните до горе. Ставете неколку капки, бидејќи кога ќе го потопите залчето, може да прелие.
Суши и свеж лосос
Сите типови на суши се држат исклучиво со стапчиња, не со виљушка.
Исто така, парчињата не треба да се потопуваат во сосот. Се потопува само мал дел.
Суши - ролни
Ролните суши со ориз се натопуваат во сосот само на врвот, држејќи ги со стапчињата по нивна должина, а не ширина.
Шпагети
Доволни се 3-4 шпагети намотани на виљушката за едно залче. Не ги шмукајте шпагетите и не дозволувајте да ви висат краеви од устата.
Може да си потпомогнете и со лажица:
https://www.youtube.com/watch?v=VAjuhxAWCAs
Пастрмајлија
Тестата кои вообичаено се со полна средина никогаш не треба да ги гризете, туку кинете залче по залче.
Искршете едно залче, потопете го во средината, па каснете.
Бургер
Стигнавме до најтешкото – нема шанса да нарачате сочен бургер и да го изедете без една флека на вас.
Но, тоа е затоа што не го пресекувате на половина. Секој бургер треба да се пресече на половина, па потоа да почнете од средината.
М. Д. | Црнобело