Дали треба да се одлучиме за месо или вегетаријанство?
Ако бидеме искрени јадење месо е објективно лоша идеја.
Скапо е, се поврзува со ракот...
Но, иако постојат рационални аргументи против месото, луѓето се природно месојади.
Нашите тела се создадени за месо
Благодарение на еволуцијата, луѓето можат да преживеат без месо, но тоа не значи дека сме природно вегетаријанци. Месото е дел од нашата традиционална исхрана. За разлика од животните кои јадат трева, ние немаме на пример, четири стомаци, способност да ја прекинеме целулозата или сложена цревна микрофлора.
Од строго логичка гледна точка, постојат многу необичности за нас луѓето. За почеток, нашиот мозок навидум не треба да биде многу голем.
Ако се спореди со мозокот на другите примати, големината на мозокот се зголемува со големината на телото, но кај луѓето тоа не е случај. Значи, што не прави толку посебни?
Според едно истражување од 2011-та година, посебни не прави нашиот апетит за месо. Тие откриле дека луѓето се способни да донесуваат логички избори како вегетаријанството, бидејќи првично јаделе месо од други животни.
Еден чест аргумент за вегетаријанството е дека луѓето се единствените примати кои јадат месо, што не е вистина. Во 1960-та година, Џејн Гудал забележала шимпанза кои ловеле и јаделе други животни.
Најновите истражувања покажуваат дека вегетаријанската исхрана е поврзана со послабо здравје и понизок квалитет на живот.
Истражувањата покажале дека вегетаријанците почесто одат на лекар од луѓето кои јадат месо, како и дека се повеќе склони кон алергии, болести, рак, како и проблеми со менталното здравје, како што се вознемиреност и депресија.
Сепак, истражувањето на Медицинскиот универзитет во Грац, Австрија покажа дека животниот стил на вегетаријанците е на многу начини поздрав, бидејќи тие обично се повеќе физички активни и пијат помалку алкохол. Покрај тоа, тие најчесто не пушат цигари и немаат проблеми со вишокот тежина.
Исто така, се покажало дека вегетаријанците се обично луѓе со висок социо-економски статус.
М. А. | Црнобело