Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Подгответе: Колачиња од Нутела и кекси за 15 минути

Освен тоа што овој рецепт е неверојатно брз, нема шанси да ја погрешите подготовката. Ако не сте вешти со подготовката на десерти, а сакате да изненадите со неколку чоколадни мафини, ви предлагаме да го испробате овој рецепт уште денес.

podgotvete-kolacinja-od-nutela-i-keksi-za-15-minuti-01

Потребни состојки:

  • 1 шолја Нутела
  • 2 јајца
  • 10 лажици брашно
  • 12 Орео кекси или било какви бисквити со кремасто полнење

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 180 степени додека на тава ги поставувате украсните корпи за мафини.

Во стаклен сад измешајте ја Нутелата, јајцата и брашното и миксирајте додека не добиете мазна, кашеста смеса.

Со лажица истурете малку од смесата во калапите за печење, ставете еден кекс, а потоа прелијте го со уште малку смеса од Нутела.

podgotvete-kolacinja-od-nutela-i-keksi-za-15-minuti-02

Печете ги мафините во рерна околу 12 минути, а потоа почекајте уште 5 минути да се оладат пред да ги извадите од калапите.

Послужете ги со шлаг пена и овошје или пак со прелив од карамела и рендано бело чоколадо.

podgotvete-kolacinja-od-nutela-i-keksi-za-15-minuti-03

podgotvete-kolacinja-od-nutela-i-keksi-za-15-minuti-04

Би можело да ве интересира:

Рецепт за божиќни путер колачиња Внесете ја празничната магија во вашиот дом и нека замириса на превкусни путер к...
Рецепт за пита со џем од малини која се топи во уста – како кај баба на гости Наликува на лења пита, се прави многу лесно, а се топи во уста со вкус на путер ...
Рецепт за кремасто орзо со пилешко и лимон Ако досега не сте ги вклучиле орзо тестенините во своето мени, ви предлагаме да ...
Рецепт за ѓевречиња со фета сирење Децата ќе ги обожаваат, а ни гостите нема да може да им одолеат - овие ѓевречиња...
Рецепт за брзи лиснати ролнички со сланина Ако ви се најават гости или сакате да зготвите нешто брзо за ужинка за домашните...
Рецепт за мекици, од домашниот тефтер на мајките и бабите Ако сте љубител на мекици, не мора да чекате да се роди ново бебе, може да си ги...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg