За зајакнување на имунитетот - овошно смути од 3 состојки
За да се осигурате дека сите, посебно децата, ќе внесат доволна доза на витамин Ц, неопходен за зајакнување на имунитетот и за здравјето, еве една идеја за вкусно смути што е лесно за подготовка, а е мошне здраво.
Ова смути вклучува три овошја што се познати по тоа што се богати со витамин Ц: јагоди, киви и лимон. По желба можете да додадете мед или можете да го консумирате незасладено.
За подготовка на две чаши смути ќе ви бидат потребни следните состојки:
- 2 киви (исечкани);
- 3 супени лажици сок од лимон;
- 1 чаша јагоди;
- 2 чаши вода;
- Мраз (по желба);
- Мед (по желба).
Подготовка:
Го ставаме претходно подготвеното овошје и сокот од лимон во блендер. Додаваме чаша вода и миксираме.
По желба додаваме мед во смутито и мешаме. Додаваме уште една чаша вода и повторно мешаме.
Во чаша ставаме мраз, и ставаме од смутито. Овој пијалак се сервира ладен, но може и да го прескокнете мразот ако овошјето е ладно.
Б. С. Б. | Црнобело