Салеп, грог, зачинето чоколадо - Топли пијалаци од различни страни на светот кои ќе ве згреат оваа зима

Греено вино - Glühwein

Според оригиналниот германски рецепт црвеното вино е зачинето со цимет, каранфилче, анасон, цитрусно овошје и благо зашеќерено. Може да додадете и малку рум. Грееното вино е одличен избор за зима – слатко, зачинето и топло за душата.

Topli-napitoci-od-razlicni-strani-na-svetot (8).jpg

Мача чај – Matcha

Овој вид на зелен чај има потекло од древна Кина (династијата Танг, некаде на почетокот на 7 век од новата ера). Светло зелената течност дава многу енергија и го ревитализира целиот организам.

Традиционално, се подготвува во бамбусова лејка, каде што го консумирате чајот голтка по голта во текот на целиот ден низ метално цевче. Мача чајот е по малку горчлив и концентриран, па за почетниците пожелно е да ставите и малку засладувач.

Topli-napitoci-od-razlicni-strani-na-svetot (10).jpg

Топло чоколадо на француски начин - Chocolat Chaud

Бидете сигурни дека ќе бидете послужени со вистинско топло чоколадо во огромна шолја која ќе ве згрее на најдобриот можен начин.

Topli-napitoci-od-razlicni-strani-na-svetot (4).jpg

Виски, лимон и кафеав шеќер - Hot Toddy

Мешавината од греено виски, лимон, кафеав шеќер или мед доаѓа од Велика Британија каде што е мошне популарна не само за време на зимскиот период, туку и како одличен пијалак пред спиење кој овозможува мирен и долготраен сон. Hot Toddy неретко се употреба и како лек за настинка.

Topli-napitoci-od-razlicni-strani-na-svetot (9).jpg

(О)Милена | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Едноставан рецепт за коктел од вотка и калинка Сокот од калинка ќе даде сладок, но и малку кисел вкус, додека пак вотката соврш...
3 рецепти за греено вино (што ќе ве стоплат во студените ноќи) Сте пробале ли греено вино со капини или со јаболка? Пробајте нови рецепти за ом...
4 рецепти за пијалаци со кафе што ќе ве стоплат оваа есен Кафе со вкус на кокос, но и кафе со таан алва – 4 рецепти за оние кои сакаат да ...
Вирален празничен коктел кој изгледа како снежна кугла – се прави и без алкохол (видео) За овој коктел кој изгледа волшебно ќе ви требаат само три состојки – малку вода...
Здрав пијалак за летно освежување – ладен црн чај со сок од сливи и млеко Доколку сакате рецепти кои немаат голема количина шеќер (или воопшто не содржат)...
Колагенско кафе за подмладување: Кои се ефектите и како да го направите? Џенифер Анистон и Кортни Кардашијан се само дел од светските ѕвезди кои не остан...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg