Национални пијалaци од 10 репрезентации за поголемо уживање во светското првенство
Седите пред телевизор, чекате да започне натпреварот, набавивте дресови, знаменца, свирки...а што е со пијалокот?
Заменето го стандардното пиво и подгответе некои од овие национални пијалaци додека навивате за омилената репрезентација.
Изненадете ги пријателите и подгответе го националниот пијалaк на нивниот омилен тим за уште поголема возбуда во текот на натпреварите:
1. Англија- Bitter
Националниот пијалок на Англичаните „битер“ што во превод значи горчлив. За многумина овој пијалок навистина е горчлив и истиот има одличен вкус промешан со лимонада или џин. Но доколку не сакате битер, можете во чест на натпреварот да се напиете британски чај.
2. Шпанија- Sangria
Сангриата потсетува на самба и на бразилскиот фудбалски дух. Одличен пијалак за друштво кое е подготвено да ја бодри Шпанија на Светскиот куп. За да го направите овој пијалак потребно ви е:
- Шише црвено вино (75мл)
- Лимонада ( 35мл)
- Ракија( се препорачува една мала чашка)
- Свежо овошје
Сите состојки истурете ги во голем сад, а овошјето исечкајте го на кругови и додадете го во чашите и внатре во садот. Бидете дел од Шпанија со нивниот национален пијалaк.
3. Мексико - Tequila
Иако Мексиканците не секогаш успешно се пласираат во Светското првенство, но некогаш знаат да изненадат и да ги шокираат најдобрите фудбалски тимови. Додајте малку мексикански дух во целата фудбалска атмосфера и набавете текила, лимон и мексиканска сол. Наздравувајте на головите, а по завршувањето на натпреварот вашата забава со сигурност ќе продолжи и понатаму.
4. Хрватска - Rakia
Иако на Балканот добро си знаеме со што да ги бодриме Балканците, сепак едно мало потсетување. Наздравете за хрватскиот тим со чаша ракија и свежа салата. За одличен почеток на натпреварите.
5. Мароко - Mint Tea
Знаеме дека исламските земји не смеат да пијат алкохол. Но, еднаш во четири години можете да додадете малку виски во овој чај. Во една чаша чај додајте неколку листови нане, минерална вода и свежо исцеден лимон. Почекајте чајот додека не се олади целосно или додајте малку лед. Уживајте во националниот марокански пијалaк.
6. Италија - Grappa
Грапата е вид ракија која се подготвува со остатоците од грозјето кои се употребуваат за виното. Но, внимавајте со овој пијалaк бидејќи е еден од најсилните видови ракии кои некогаш сте ги пробале.
7. Франција - Champagne
Французите уживаат во гламурозното и за време на спортски натпревари. Ако ја бодрите Франција во нејзините натпревари во светското првенство не заборавајте на овој пијалaк со меурчиња.
8. Русија - Vodka
Зарем има нешто да се додаде? Секако дека русите ги бодрат своите миленици во фудбалот во комбинација со водката. Навивајте и вие за Русите со водка во комбинација со лимон и лед.
9. Бразил - Caipirinha
Ликер направен од шеќер и лимон е националниот пијалaк на Бразилците. Бразил е голем фаворит на ова светско првенство, па набавете го овој пијалок, но внимавајте со количината.
10. Австралија - Beer
Можеби е малку чудно што на Австралијците токму пивото им е национален пијалак. Но, доколку навивате за оваа репрезентација набавете многу пиво и внесете австралиски дух во вашиот дом.
Кој е вашиот омилен тим и дали го знаете нивниот национален пијалак?