6 Локални пијалаци кои треба да ги пробате кога патувате

Колку пати ви се случило да бидете на нова , непозната дестинација, а при тоа да незнаете што да нарачате?

6-lokalni-pijalaci-koi-treba-da-gi-probate-koga-patuvate-

Ова се пијалаците кои мора да ги пробате ако се најдете во една од следниве држави.

1. Бразил

Cachaça. Можеби не ви се допаѓа мирисот на белиот рум затоа што ве потсетува на вотка измешана со кокосов сок. Но, благодарение на пијалакот Cachaça, традиционалниот пијалак во Бразил, можете да уживате во бројните вкусни коктели кои се подготвуваат со лимета. Најпопуларниот начин за подготовка на Cachaça е познатиот коктел Caipirinha (со лимон, мраз и шеќер). Заменете го белиот рум со Cachaçа и забавата може да почне.


2.
Јужниот дел на САД

Moonshine. Кон вотката сите се однесуваат како да е пијалак кој мора да се меша со сè. Но, всушност Moonshine е пијалакот кој би требало да се меша со сè. Кога ќе се најдете во популарниот јужен дел од САД можете да го купите легално во продавница. Локалните жители тврдат дека најдобриот Moonshine се прави во кадите за бањање!? Веројатно емајлот испушта некоја арома која ние странците не можеме да ја препознаеме.


3.
Исланд

Brennivin. Тоа е силен алкохолен пијалак со необичен вкус по кој се познати жителите на Исланд (и повеќето скандинавци). Многумина велат дека Brennivin е најлошиот пијалак на светот, а зошто се нарекува „црна смрт“ ќе мора да откриете самите.


4.
Јордан или Израелl

Arak. Првенствено се произведува и пие во Сирија, Либан, Израел, Ирак и Палестинските територии. Arak содржи алкохол во распон од 40% до 80%, па затоа внимавајте на количината што ќе ја испиете. Arak е своевиден ликер од анасон, сличен на грчкото узо.


5.
Латвиа

Riga Black Balsam. Ова е уште еден пијалак со вкус на анасон, а ако сте љубител на ликер, тогаш ова е вистинскиот избор за вас. Лесно можете да го мешате со топли пијалаци како што се чај или сок. Ако се најдете во Рига секако посетете ги местата специјализирани за правење коктели од Riga Black Balsam.


6.
Етиопија

Tej. Медовина, виното од мед, покрај ракијата од мед се веројатно едни од најблагите алкохолни пијалаци кои ги консумирал човекот. Најстарите археолошки докази за производство на медовина датираат уште од 7000 години пред нашата ера. Многу е популарна во Етиопија, па ако се најдете таму името под кое можете да ја нарачате вино од мед е Tej.

Би можело да ве интересира:

3 пијалаци кои го забрзуваат варењето на храната (за да имате рамен стомак) Доколку имате проблем со варењето на храната и постојано се чувствувате подуени,...
Ледено кафе со парченца чоколада – Нов хит рецепт за освежителен пијалак Потребно е малку повеќе време за да се подготви, но сигурно ќе ви се допадне, ак...
По рецепт на нашите баби: Како се подготвува ораховка или ракија со млади ореви? Знаете ли како се прави познатата ракија со млади ореви, позната и како ораховка...
3 освежителни пијалаци што ќе ви помогнат да загубите килограми На сите ни е познато дека во борбата со вишокот килограми зашеќерените пијалаци ...
4 рецепти за пијалаци со кафе што ќе ве стоплат оваа есен Кафе со вкус на кокос, но и кафе со таан алва – 4 рецепти за оние кои сакаат да ...
Коктелот „Сино око“ е хит во Грција - како да го направите дома? Кога во ресторан или бар ќе ви го донесат коктелот Mati, ќе ви кажат дека тој не...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg