Кај Моника дома: „Огледалото во тоалетот ми е погодок, но црниот кујнски мијалник ми е промашување“ (фото)
Особен акцент ќе ставам на огледалото со лед лента бидејќи е совршено за сите жени кои немаат тоалетна маса и време за шминкање, а меѓу другото е одличен детаљ во бањата.
Доколку имате простор, препорачувам долга комода во бањата како нашата, но направете ја со фиоки затоа што несомнено има далеку поголема практичност и достапност. Ѕидовите во бањата се од декоративни гранитни плочи со минимална фуга, а подот е од гранитни сиви мат плочки со минимална фуга, лесно се одржува и топло го препорачувам.
Да правам повторно, мислам дека би одбрала некое полесно решение, како мрсна водоотпорна боја или лиен бетон, нешто што е уште поедноставно од нашето решение и дефинитивно туш-кабината би ја заменила со преграда од стакло без метален профил.
Спалната соба е поделена во два дела, плакар и простор за спиење и сметам дека воопшто не згрешивме што ги одвоивме овие два дела. Плакарите се со лизгачки врати, а внатрешното решение е со закачалки во горната зона и фиоки во долната зона, кое за нас се покажa дека е многу практично решение.
Креветот го купивме со механизам за простор за складирање и навистина собира многу работи, но згрешивме во тоа што е во димензии 2×2 метри, и душек од 28 сантиметри, преголема е за нашиот простор, превисока за мој вкус и нешто што особено лично мене ми пречи – секогаш имаме проблем со димензиите на долниот чаршаф од постелнината.
Погледнете како изгледа нејзиниот дом во новогодишно руво - На гости кај Моника: Стан во Скопје со нежни бои и „направи сам“ проекти (фото)
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
Симона Симионова | Црнобело