8 евтини и едноставни трикови со кои ќе го освежите стариот мебел во домот
Заменете ги рачките на шкафчињата и гардероберите
Ако не можете да купите нови шкафчиња или гардеробер, некогаш доволно е само да им ги замените рачките.
Одберете некои поуникатни дизајни и мебелот ќе изгледа многу подобро.
Купете поскапи детали за да го украсите евтиниот мебел
Наместо да купувате нов кауч, вложете во перници со интересни бои и дезени и веднаш ќе ја забележите разликата. Можете да купите и квалитетни прекривки.
На старата маса ставете поскапа вазна со интересен дизајн, на подот ставете уникатeн тепих… можности има безброј.
Ставете врати на старите полици
Ако имате многу стари и оштетени полици за книги, најдобро е да им направите и врати, како на шкафчиња.
Ова ќе ви чини помалку отколку да купите нови квалитетни полици, а веднаш ќе го освежите изгледот на просторијата.
Офарбајте го стариот мебел
Денес можете да купите секакви бои и лакови за мебел од секаков материјал, а ова е најлесниот начин да го освежите стариот мебел.
Ако сте креативна личност, не мора да го офарбате мебелот само со една боја – додајте и некој ваш личен дезен кој дополнително ќе ја освежи просторијата.
Сприова С. | Црнобело