Работи кои треба да ги отстраните од домот по 30-тиот роденден
Непотребни листови, документи, сметки…
Нормално е со годините да ви е натрупаат секакви сметки, документи, тетратки и што уште не.
Обично сите избегнуваме да ги средуваме овие работи, но подобро исчистете ги сега пред да се соберат уште повеќе.
Постери и фотографии без рамки
Лепењето постери и фотографии по ѕидовите е неизбежна фаза од животот на сите. Но, сега сте возрасни и подобро би било да ги изложувате постерите и фотографиите во рамки.
На овој начин просторијата ќе изгледа многу подобро, но и ќе ги заштитите постерите и фотографиите.
„Привремен“ мебел
Пластични фиоки, пластични столчиња и целиот мебел што е „привремен“, почнете да размислувате да го замените со друг, поквалитетен. Можеби сега не е време за тоа со оглед на ситуацијата, но разгледувајте парчиња мебел и зачувувајте го она што ви се допаѓа.
Пластични садови
Заборавете на пластичните садови и прибор, особено оние за една употреба. Со нив непотребно ја загадувате околината, а и сигурно нема да уживате во оброците послужени во пластични садови.
Вештачки растенија
Можеби вештачките растенија ви изгледаат полесни за одржување, но иако не ги наводнувате, мора постојано да ја бришете прашината од нив.
Просторот ќе изгледа многу подобро со природни растенија, а самата грижа за нив секогаш ќе ви го подобрува расположението.
Спирова С. | Црнобело