Работи од домот со кои е време да се збогувате
Свесни сте дека во домот имате многу непотребни работи, не зависно дали добиени како подарок, или нешто на што му поминала функционалноста и потребата.
Но, има и работи кои веќе не се „ин“, па за нив постои добра модерна алтернатива.
Иако е тешко да се фрлат некои работи од домот, сепак време е со дел од нив да се збогувате и да ослободите простор.
Погледнете кои се тие работи кои може да ги замените со подобра опција:
Масичка за кафе
Иако не е многу голема, сепак зафаќа непотребен простор, бидејќи ретко се користи само за кафе, туку најчесто служи за трупање на сè и сешто и правење неред.
Наместо тоа, попрактички се масичките кои служат како потпирач на каучот, кои имаат повеќе функции, а не зафаќаат место.
Ламба за на маса
Овие ламби најчесто се користат на училишно или работно биро за подобро осветлување на работната површина, но тие може да се заменат со исти такви, со иста функција, кои ќе висат на ѕидот и нема да зафаќаат простор.
Ѕидови и полици на кои виси накит
Кога накитот виси на видливо место се создава голем хаос во домот. Не е пријатно кога гости ќе ви ја видат целата колекција обесена на некоја полица или табла.
Може да најдете многу модерни и функционални кутии за накит каде подобро ќе биде зачуван и нема да го грди изгледот.
Шолји со смешни натписи
Можеби овие шолји биле интересни пред 20 години кога сте ги купиле или ви ги подариле, но откако сте возрасни, дефинитивно не треба да постојат во вашата кујна, или пак да служите некој во нив.
Заменете ги со убав сет кој веднаш ќе падне во очи кога некој ќе погледне во вашата кујна.