9 дизајнерски „трендови“ кои се веќе старомодни во уредувањето на домот
Исто како во модата и убавината, така и во уредувањето постојат трендови кои со тек на време стануваат застарени.
Можеби ќе ви звучи чудно, бидејќи секој си го уредува домот според тоа како му се допаѓа, но сепак постојат луѓе кои ги следат трендовите и во оваа сфера.
Па, доколку и вие не сакате да бидете старомодни и ве интересира кои трендови се застарени, погледнете во продолжение.
Плафон во повеќе нивоа
Додека порано беше модерно плафон во повеќе нивоа со светла, сега е во мода плафонот да биде што е можно поедноставен.
Прегради, сводови и отвори
Заоблените делови во тесни ходници и лажните ѕидови кои го преградуваат просторот се исто така старомодни.
Работите кои немаат функционалност одземаат простор и дизајнерите сега ги оставаат ходниците отворени, без врати и додавани ѕидови или сводови.
Мебел по цел ѕид
Наместо големи шкафчиња со полици и фиоки, сега е сосема доволно да има само едно парче мебел под телевизорот.
Слика-тапет
Без разлика колку привлечно изгледа, дизајнерите советуваат да не ги користите. Наместо слика од шума, небо и сл. Искористете дрвени панели, цигли, или декоративен тапет на мал дел од ѕидот.
Вградени плакари
Едноставноста е во тренд, па затоа дизајнерите препорачуваат шкафови со обични врати, наместо огромни вградени плакари кои зафаќаат премногу простор.
Мебел во комплет
Сетовите со кауч, фотелја и табуретка кои си одговараат веќе не се во мода. Сега е тренд да земате мебел кој нема да биде комплет и да експериментирате со боите.
Цела соба со тапет
Модерниот дизајн е карактеристичен по тоа да се направи различен само еден ѕид. И обично, тоа е главниот ѕид, односно првиот кој го гледате кога ќе влезете во неа.
Туш кабина и када
Големите кабини и кади веќе не се модерни. Денес е подобро да направите стаклена конструкција на неподигнато ниво.
Биро за компјутер
Големите бироа со многу полици, фиоки и додатоци се одамна застарени. Сега се во мода малите масички, а ако ви се потребни полици, нека бидат затворени.
М. М. | Црнобело