8 работи по кои можете да препознаете скапо уреден дом

Има некои работи кои штедливите и скромни луѓе никогаш нема да ги купат за во својот дом, иако можат да си ги дозволат.

8-raboti-po-koi-mozhete-da-prepoznaete-skapo-ureden-dom-01.jpg

Па, токму по тоа се разликуваат луѓето кои луксузно го опремиле својот дом и не штеделе и на најмалите детали, од оние кои убаво го уредиле домот, но поминале поскромно.

Многумина посакуваат да ги имаат овие „ситници“ во домот кои оние кои се опседнати со пари и луксуз ги имаат, но сепак сметаат дека не им се неопходни и никогаш не се одлучуваат на тој чекор.

Па, доколку ги видите следниве работи во нечиј дом, знајте дека не штеделе воопшто и внимавале добро на секој детаљ:

Посебен елемент за шишиња вино

За многумина ова можеби изгледа како залудно трошење пари, но оние кои се љубители на вино, сакаат да имаат посебно место на кое ќе ги чуваат и си уредуваат посебно винско катче кое изгледа луксузно и секако, секогаш полно.

8-raboti-po-koi-mozhete-da-prepoznaete-skapo-ureden-dom-002.jpg

Држач за чадори

Дури и обичните предмети во луксузните домови се избрани со посебно внимание како да се специјално уметничко дело. Тие не штедат на ова и не размислуваат како многу други кои велат дека не мора и чадорите да се чуваат во посебен украсен елемент.

8-raboti-po-koi-mozhete-da-prepoznaete-skapo-ureden-dom-03.jpg

Луксузен аквариум

Во многу домови може да се забележи аквариум со риби кој секогаш изгледа впечатливо и убаво, но во луксузните домови, може да се забележат огромни аквариуми кои се поставени на уникатно место и кои не може да останат невидени.

8-raboti-po-koi-mozhete-da-prepoznaete-skapo-ureden-dom-04.jpg

Домашен мини бар

Уште едно катче кое оние кои не штедат пари на уредувањето го имаат во својот дом. Домашен бар полн со алкохолни пијалаци и секакви чаши за служење и правење коктели. Кој не би го посакал ова скапо задоволство?

8-raboti-po-koi-mozhete-da-prepoznaete-skapo-ureden-dom-006.jpg

Билијард маса

Луѓето кои се љубители на скапо опремен ентериер, а најчесто мажите, задолжително во некоја од просториите во домот поседуваат билијард маса.

8-raboti-po-koi-mozhete-da-prepoznaete-skapo-ureden-dom-05.jpg

Гардеробер

Сонот на речиси секоја девојка, па во последно време и на мажите е да имаат во домот посебна соба за облеката, чевлите, чантите и накитот – нешто што во луксузните домови речиси секогаш го има.

8-raboti-po-koi-mozhete-da-prepoznaete-skapo-ureden-dom-06.jpg

Големи луксузни сетови

Во домот на богатите ретко може да се најдат „распар“ тањири и чаши, бидејќи тие најчесто купуваат големи луксузни сетови со впечатлива апликација и од ги имаат сите потребни садови.

8-raboti-po-koi-mozhete-da-prepoznaete-skapo-ureden-dom-07.jpg

Спектакуларни материјали и дезени

Во луксузните домови сите работи си одговараат едни со други. Нема различни материјали, ткаенини и дезени со многу различни шари. Дури и завесите и перничките се направени од исти материјали.

8-raboti-po-koi-mozhete-da-prepoznaete-skapo-ureden-dom-08.jpg

Мермер во бањата

Ваквиот луксуз со мермерни детали во бањата не секој може да си го дозволи, а мора да признаеме дека ретко кој не би го посакал.

8-raboti-po-koi-mozhete-da-prepoznaete-skapo-ureden-dom-09.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Зачини со поминат рок и уште 10 работи од домот кои треба да ги фрлите (за просторот да дише) Од козметиката која не ви се допаѓа до полначите од старите мобилни телефони и р...
15 сингл мажи покажаа како си го уредиле домот: Од празни ѕидови до совршен ентериер (фото) 15 мажи кои живеат сами, сами го уредиле и просторот во кој живеат. А нивните до...
Идеи како да го средите хаосот над машината за перење (и да не се срамите пред гости) Расфрлани шминки, дезодоранси, по некој детергент и уште тон работи натрупани на...
7 креативни идеи да ги декорирате празните ѕидови во домот (а да не е само со уметнички слики) Шарени тапети, пастелни бои на ѕидот, „зелена градина“ наместо уметничка слика.....
Еден од најубаво уредените домови во регионот се наоѓа во Србија (фото+видео) „Ентериерот на нашиот дом треба да го носи печатот на нашите души. Тој не треба ...
4 бои кои не треба да доминираат во вашиот дом (делуваат застарено) Сивата, црната, сината и зелената се бои на кои треба да заборавите оваа година,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg