Време е за есенска трансформација на домот со тикви (фото)
Кој не сака тикви? Освен што во нашето поднебје се синоним за малку хумор, односно за трите невести кои тикви брале, таа воедно е и синоним за растение кое се трансформира од нешто обично во прекрасна кочија.
По примерот на Пепелашка, оваа сезона претворете го домот во мал есенски рај со помош на големи и мали декоративни тиквички.
Тие одлично го надополнуваат домот како декоративен украс на трпезата, свеќници или пак во замена на вазни.
Може да ги обоите по желба, да ги „преоблечете“ во различни материјали или па да ги обоите доколку сте вешти со четката.
Во секој случај изгледаат прекрасно, а вашиот дом ќе заблеска со есенски дух.
Време е за декорирање со тикви и нема ништо смешно во врска со тоа:
(O)Милена | Црнобело