Според Pinterest: Главни трендови за уредување на домот во есен
Како и за секоја сезона, така и за есенската, трендовите во уредувањето на домот се менуваат, а главна инспирација се црпи од Pinterest.
Таму може да се најдат многу идеи, совети, трикови и препораки од дизајнерите за домот да ни изгледа пријатно и во склад со моменталните трендови.
Убаво е во секој период од годината да внесеме нешто од актуелната сезона, како на пример свежи есенски цвеќиња, свеќи со мирис на ванила или пак, ќебенца во интересни бои и на тој начин да ја пречекаме есента во нашиот дом.
Ако планирате да направите мало или големо преуредување на домот, еве ги 5-те главни есенски трендови според Pinterest:
Кадифе
Кадифето е вечна класика кога станува збор и за модата, и за домот. На просторот му дава топол и гостопримлив амбиент и е одличен за есенските денови.
Розови нијанси
Розовите нијанси се речиси секогаш актуелни и мошне добро прифатени како тренд во уредувањето. Ставете ќебенце во нежно розова боја или пак, додадете некој украс во повпечатлива розова нијанса.
Плетени прекривки за маса
Плетените милјеа и прекривки оваа есен се враќаат во мода. Сигурни сме дека дома имате многу вакви ремек-дела оставени од вашите мајки или баби, па сега е време да ги сместите некаде во домот.
Зеленило
Секогаш треба да имате билки или растенија во некоја просторија во домот. Идеални се собните или повеќегодишните цвеќиња, како и зачинските билки кои можете да ги користите при готвење.
Стаклени свеќници
Студените денови се одлично време да се стуткате под ќебе и да си запалите некоја мирислива свеќа која ќе го разубави амбиентот. Стаклените свеќници се интересни, модерни и популарни за оваа сезона.
М. В. | Црнобело