Детали во уредувањето со кои ќе внесете свежина во домот
Домот е место каде поминувате најмногу време и каде треба да го најдете сопствениот мир.
Светлите бои се секогаш добар избор за ентериер, но ако тие не се комбинирани со свежи нијанси, може да добиете монотона комбинација.
Постојат многу начини на нои може да го направите просторот интересен само со додавање на неколку детали со свежи бои.
Мали детали, но може да направат голема промена во целосниот изглед на домот, посебно ако добро ги искомбинирате и направите да одговараат едни со други.
Со следниве идеи, претворете го вашиот обичен и светол простор во модерно катче исполнето со свежина и бои.
Свежи цвеќиња
Освен што внесуваат природа и боја во домот, тие исто така и мирисаат убаво, па дополнително го освежуваат просторот.
Перници со силни и свежи бои
Разнобојните перници можат да направат целосна трансформација на монотониот простор. Тие треба да одговараат со останатите мали детали кои се искористени како декор.
Детали со златна боја
Ваквите детали најмногу се вклопуваат во бел и црн ентериер. Делуваат скапо, но не грижете се, можете да ги најдете на интернет со ниска цена, или пак, самите да ги обоите.
Уметничка слика со свежи бои
Светло сивите бои одат одлично во комбинација со бела, црна и жолта боја, а уметничка слика со овие бои ќе му даде живост на просторот. Боите на сликата треба да одговараат со останатите детали во просторот.
Фотелја во боја што одговара со малите детали
Можеби никогаш не сте помислиле да ставите тиркизна фотелја во дневната соба, бидејќи нема да ви одговара со ништо, но и за тоа има решение. Купете неколку перници и други мали детали во истата боја и веднаш ќе забележите разлика.
Декоративни вази во боја
Кога украсувате со декоративни вази, одберете три во комбинација, но со различна големина и форма. И секако, секогаш е подобро доколку успеете да ја поврзете нивната боја со останатите детали во собата, како перници, цвеќе или свеќи.
Додадете зелено во градината или балконот
Надворешниот изглед на домот е интересен дел од целосната слика за истиот. За подобар изглед и попријатна атмосфера, секогаш треба да комбинирате свежо зелени детали и декорации, како на пример перници, вазни, свеќници, а да не ги заборавиме и цвеќињата кои ќе му дадат природен изглед на просторот.
Полици за книги во боја
Ако сте љубител на книги, ова е совршен начин да ги искористите вашите омилени книги за декорација. Подредете ги според боја, а на крај додадете неколку украси или скулптури за да го финиширате изгледот.
Завеси во силна боја
За крај, завесите се еден од најважните детали во секое уредување. Не е лесно да се изберат, но доколку имате светол ентериер, ставете завеси во поинтензивна и посвежа боја. И повторно, комбинирајте ги со деталите.
М. М. | Црнобело