Мали теписи, централно осветлување...: Грешки заради кои дневната ви изгледа старомодно

Кога се фокусираме на уредување на домот по наши желби и соништа, често забораваме на основните дизајнерски правила, па резултатот често не е ист со нашите очекувања.

15-greshki-koi-sekogash-gi-praavime-koga-ja-ureduvame-dnevnata-soba-01.jpg

Кога го уредувате домот, треба да имате предвид неколку основни правила:

1. Во дневната соба, светлината не треба да доаѓа само од едно место

Осветлувањето креира посебна атмосфера, па во дневната не треба да имате само еден централен лустер, туку да направите цел систем на осветлување со ламби за маса, за на земја, разни светилки на таванот...

15-greshki-koi-sekogash-gi-praavime-koga-ja-ureduvame-dnevnata-soba-1.jpg

2. Избегнувајте да користите мали теписи

Тепихот носи баланс на собата, па кога го одбирате, внимавајте на големината. Големиот тепих визуелно го зголемува просторот, а ентериерот добива комплетен изглед.

15-greshki-koi-sekogash-gi-praavime-koga-ja-ureduvame-dnevnata-soba-2.jpg

3. Внимавајте каде го поставувате телевизорот

Најдобро место каде да го поставите телевизорот е на празен ѕид. Исто така, не го поставувајте спроти прозорци, бидејќи така си го оштетувате видот и не можете јасно да ја гледате сликата. Најдобро е да биде позициониран на левата или десната страна од прозорците.

15-greshki-koi-sekogash-gi-praavime-koga-ja-ureduvame-dnevnata-soba-3.jpg

4. Ја потценувате моќта на перниците

Перниците допринесуваат атмосферата да изгледа нежно, удобно и романтично. Пред сè, носат топлина во домот.

15-greshki-koi-sekogash-gi-praavime-koga-ja-ureduvame-dnevnata-soba-4.jpg

5. Софата не треба да ви е поставена до ѕид

Ова правило важи за големи дневни соби. Ако имате доволно простор, избегнувајте софата да ја ставате до ѕид.

15-greshki-koi-sekogash-gi-praavime-koga-ja-ureduvame-dnevnata-soba-5.jpg

6. Избегнувајте темен мебел, ако таванот е низок

Вашата дневна соба визуелно ќе изгледа како помала и пренатрупана, ако мебелот е со темни бои. Ова посебно важи, ако таванот е низок. Секогаш гледајте да ја уредувате дневната на тој начин што ќе се концентрирате на посветли бои.

15-greshki-koi-sekogash-gi-praavime-koga-ja-ureduvame-dnevnata-soba-6.jpg

7. Не одбирајте мебел на основа на личните желби, туку на основа на дизајнот

Само затоа што одредено парче мебел ви се допаѓа како изгледа, не мора да значи дека ќе се совпаѓа со целокупниот дизајн на ентериерот. Исто така, гледајте да одбирате мебел кој ќе ви биде удобен, инаку никогаш нема да го употребувате и веројатно на крајот ќе го фрлите.

15-greshki-koi-sekogash-gi-praavime-koga-ja-ureduvame-dnevnata-soba-7.jpg

8. Сè уште имате мебел кој не е веќе во мода

Гломазниот мебел со масивни потпирачи за раце, веќе одамна ја изгуби својата релевантност. Одбирајте мебел со рамни линии и остра силуета. Така, никогаш нема да погрешите, бидејќи овој тип на мебел никогаш не излегува од мода.

15-greshki-koi-sekogash-gi-praavime-koga-ja-ureduvame-dnevnata-soba-8_copy.jpg

9. Фотографиите ви се врамени на погрешно место

Идеална височина на која треба да бидат поставени фотографиите и сликите на ѕидовите е 153cm мерени од подот до центарот на сликите. Ако имате повеќе слики, поставете ги само на едно место како галерија, не оставајте да бидат раштркани на сите ѕидови.

15-greshki-koi-sekogash-gi-praavime-koga-ja-ureduvame-dnevnata-soba-9.jpg

10. Избегнувајте масивен мебел

Најчеста грешка која сите ја прават е што одбираат едно масивно парче мебел, наместо неколку помали парчиња. Да, ако имате масивен простор, можете да си дозволите и масивна софа, во спротивно, не.

15-greshki-koi-sekogash-gi-praavime-koga-ja-ureduvame-dnevnata-soba-10.jpg

11. Не ја земате предвид функционалноста на дневната соба

Дневната соба најубаво е да биде сместена во центарот на домот така што, спалната соба ќе биде оддалечена од влезот во домот, а кујната и трпезаријата поставени близу една до друга.

15-greshki-koi-sekogash-gi-praavime-koga-ja-ureduvame-dnevnata-soba-11.jpg

12. Центарот на собата не ви е означен

Дневната соба мора да има барем еден светол, истакнат акцент како камин, уметничко дело, огледало или осветлување кон кое ќе се фокусира вниманието.

15-greshki-koi-sekogash-gi-praavime-koga-ja-ureduvame-dnevnata-soba-12.jpg

13. Растенијата ги чувате во мали саксии

Подобро е да имате едно големо растение во масивна саксија, отколку неколку помали. Така просторот ќе ви изгледа поголем и поудобен.

15-greshki-koi-sekogash-gi-praavime-koga-ja-ureduvame-dnevnata-soba-13.jpg

14. Заборавете на стариот мебел

Одбирајте помали парчиња мебел кои можете да разместувате каде сакате и кога сакате, зависно од расположението. Заборавете на стариот масивен мебел.

15-greshki-koi-sekogash-gi-praavime-koga-ja-ureduvame-dnevnata-soba-14.jpg

15. Не се држете до еден стил на уредување

Мешајте - ретро, еклектично, рустично. Комбинацијата изгледа подобро од униформниот стил на уредување. 

15-greshki-koi-sekogash-gi-praavime-koga-ja-ureduvame-dnevnata-soba-15.jpg

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Предмети кои се „магнет за малер“ во домот, според Фенг шуи Начинот на којшто го уредуваме домот, доста зборува за нас, но според Фенг шуи п...
Зачини со поминат рок и уште 10 работи од домот кои треба да ги фрлите (за просторот да дише) Од козметиката која не ви се допаѓа до полначите од старите мобилни телефони и р...
4 бои кои не треба да доминираат во вашиот дом (делуваат застарено) Сивата, црната, сината и зелената се бои на кои треба да заборавите оваа година,...
15 сингл мажи покажаа како си го уредиле домот: Од празни ѕидови до совршен ентериер (фото) 15 мажи кои живеат сами, сами го уредиле и просторот во кој живеат. А нивните до...
7 грешки што треба да ги избегнувате за домот да ви делува „топло“ во есен Користите само светли бои и имате само еден извор на светлина – кои грешки да ги...
Едноставни декорации во духот на есента (ако едвај чекате да почне) Тиквите и сувите цветови се сосема доволно за да го украсите домот во духот на е...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg