10 работи кои прават вашиот дом да изгледа натрупано

Без оглед колку многу се трудиме местото во кое живееме да изгледа поубаво, имаме чувство дека никогаш нема да го достигнеме луксузниот изглед на становите кои ги гледаме во модните списанија.

10-raboti-koi-pravat-vasit-dom-da-izgleda-natrupano-01.jpg

Обидите за комбинирање на боите, дизајнерските концепти или придржувањето до еден стил сепак се чини дека секогаш заостануваат зад замислата.

За да го избегнете овој проблем обрнете внимание на следните 10 совети кои од вашиот дом ќе направат модерно и уредно место за живеење:

1. Магнети за фрижидер

Иако понекогаш тие го развеселуваат нашиот дом и нè потсетуваат на убави спомени во најголемиот дел од случаите додаваат просторот во кујната да изгледа пренатрупано.

10-raboti-koi-pravat-vasit-dom-da-izgleda-natrupano-1.jpg


2. Сувенири

Слично како и магнетите на фрижидерот, многу е тешко да искомбинирате еден куп работи кои се сосема различни едни од други како по формата така и по боите. Обидете се да ги поделите во колекции од предмети со сличен изглед. На тој начин тие ќе изгледаат поубаво и попрефинето.

10-raboti-koi-pravat-vasit-dom-da-izgleda-natrupano-2.jpg


3. Средства за миење садови

Ништо не може да го наруши изгледот на кујната како еден куп средства за миење садови наредени околу мијалникот. Дизајнерите препорачуваат сад кој можете да го надополнувате и кој ќе изгледа многу пософистицирано.

10-raboti-koi-pravat-vasit-dom-da-izgleda-natrupano-3.jpg


4. Чување работи на штицата за пеглање

Некои луѓе ја користат штицата за пеглање за да наредат голем број работи на неа. Сепак, таа има една намена и треба да се користи токми за таа, пеглање. Кога не го правите тоа сместете ја некаде каде што нема да ви пречи или едноставно купете штица на расклопување.

10-raboti-koi-pravat-vasit-dom-da-izgleda-natrupano-4.jpg


5. Обувки расфрлани низ целиот ходник

Понекогаш времето навистина е многу непредвидливо и мораме да имаме повеќе видови обувки на дофат. Сепак, тоа не значи дека истите треба да бидат наредени во ходникот и да се сопнувате на нив при секое поминување. Малечките чевларници се одлично решение за овој проблем, и во поглед на средувањето на хаосот и во поглед на подобрата организираност.

10-raboti-koi-pravat-vasit-dom-da-izgleda-natrupano-5.jpg

Уште 5 работи на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Грешки во уредувањето поради кои домот секогаш ви изгледа хаотично Купувате мебел кој е тежок за одржување и ги оставате ѕидовите бели – кои грешки...
Луѓе кои со малку фантазија го сменија изгледот на домот (и ќе ве инспирираат) Малку боја, неколку детали, храброст за да направите промена и секако, вашата фа...
9 трендови за уредување што ќе доминираат во 2024-та Чоколадни нијанси, елементи инспирирани од природата, но и мултифункционален меб...
25 идеи како оваа пролет да ја вметнете бојата на годината во уредувањето на домот Пернички во боја на праска, постелнина, удобна фотелја или за најхрабрите ѕидови...
Трендови за уредување што ќе бидат хит и трендови што ќе исчезнат во 2024-та Дизајните инспирирани од природата стануваат сè популарни, додека доминацијата н...
Грешки при уредувањето заради кои постојано мора да чистите во домот (и залудно трошите време и пари... Наместо голем тепих во домот, подобро е да изберете еден помал килим, а преполне...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg