15 совети за организирање на спалната соба кои ќе ви заштедат простор
8. Полица покрај креветот
Немате место за масичка покрај креветот? Малите полици кои сосема едноставно се поставуваат ќе бидат совршено место за оставање на вашата омилена книга, вашиот телефон или чашата чај.
9. Организирање на накитот
Доколку имате премногу накит, наједноставниот начин е да земете неколку убави кугли и правилно распоредете го накитот!
10. Светилка над главата
Искористете лепило или ленти за закачување за да поставите малечки светилки на полицата над креветот. Нема потреба од столни ламба или постојано станување за вклучување и исклучување на светлото.
11. Потсетник
Овој убав потсетник кој мошне лесно и брзо се изработува ќе се погрижи да не ги заборавите важните состаноци, а може и да ви го разубави просторот со омилените слики од семејството и пријателите.
12. Организација на чанти
Доколку сте обожавател на чанти, знаете колку многу место зафаќаат. Овој корисен трик ќе ви помогне да ги закачите на едно место и да го намалите нередот.
13. Држач за телефон
Доколку штекерите во вашата соба имаат некој свој чуден распоред и немате каде да го ставите телефонот додека се полни овој интересен држач кој можете да го направите сами претставува симпатично и паметно решение да го наполните вашиот телефон истовремено заштитувајќи го од „несреќи“.
14. Хартиени кесички во функција на организатори
Зависници од шопинг, радувајте се! Вашите убави хартиени кесички не ора да одат во ѓубре или во плакарот откако ја завршиле својата работа. Закачете ги на ѕидот и искористете ги во форма на стилски и забавни држачи.
15. Кревет со „странични џебови“
Страните на вашиот кревет се одлично место за чување работи. Овие платнени држачи ќе ви бидат многу корисни доколку немате простор за толку потребната ноќна масичка.
М. С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





