На гости каj Драгана: Тераса во Гостивар од 6m2 со двосед од палети и многу цвеќе (фото)
- Детали
- сабота, 19 јуни 2021
„Првото утринско кафе го пијам во друштво со моите цвеќиња. Тие ѝ даваат нов лик, свежина и убавина на мојата тераса. Секое ќоше е надополнето со по некое цвеќе“, раскажува 30-годишната Драгана од Гостивар.
Драгана Ѓорѓиевска e креативна 30-годишна девојка која живее во Гостивар. Таа има завршено Педагошки факултет, но уредувањето на ентериерот ѝ е хоби во кое е вљубена.
Нејзиниот стан е совршено уреден, а исто така и нејзината тераса.
За уредувањето на терасата Драгана открива за CRNOBELO.com:
„Мојата тераса од 6 м2 е мојата мала оаза. Сметам дека таа е најубавиот дел од мојот дом.
Во неа уживам во секој слободен момент.
Првото утринско кафе го пијам во друштво со моите цвеќиња. Тие ѝ даваат нов лик, свежина и убавина. Секое ќоше е надополнето со по некое цвеќе.
Обожавам премногу детали, како што може да се забележи и на фотографиите на мојот Инстаграм профил.