На гости кај Елена: Стан од 170m2 на поткровје на Водно - огромна кујна и многу светлина (фото)
Во зима дополнително е потенциран топлиот амбиент во дневната и трпезаријата со каминот, кој е дизајниран со целосен систем за да го топли скоро цел стан.
Секоја од спалните е дизајнирана да има своја бања и со тоа овозможив интимност и за мене и мојот сопруг, но и за децата кои веќе почнаа да покажуваат потреба на издвојување и приватност.
Нивната соба е нетипична детска соба. Двајцата изразија желба за соба во црна боја, не сакаа да спијат во одвоени соби и сакаа голем кревет на кат, кој и го добија. Иако нивната соба има мебел со црна боја, таа е сепак пријатна и светла.
Тука употребив детали и текстил во живи бои, кои го разиграа просторот. Исто како и во дневната, им дизајнирав миндер под големиот прозорец, кој исто им стана омилено место за лежење и читање книги. Двајцата се многу горди на својата соба.
Нашата спална е дизајнирана во темни бои, само креветот е крем и е во сосема спротивен дизајн од останатиот мебел. Сакам да мешам стилови кои на прв поглед се неспојливи.
Со употреба на огледала по целата должина на едниот ѕид, собата, и онака голема, изгледа уште поголема. Навечер играта на темно сивите ѕидови, дебелите темновиолетови драперии, мекото светло од амбиенталните бели ламби и големиот кревет ја прават спалната примамлива, дури егзотична.
Многу љубов, внимание, време и солзи во буквална смисла на зборот, се преточени во дизајнот на овој наш стан. Јас, искрено, сè уште не уживам во него целосно, затоа што го гледам од техничка гледна точка и само си пронаоѓам работи кои сум можела да ги направам подобро или поинаку. Но, стекнатото искуство со овој стан, кое беше големо, заради состојбата во која го купивме истиот, ќе го употребам во следната наша авантура.“
Повеќе фотографии од домот на Елена:
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
Симона Симионова | Црнобело