Во домот на Ангела Бебекоска: Стан во Тафталиџе обоен во сиво, сино и жолто (фото)
- Детали
- сабота, 19 декември 2020
Ангела Бебекоска (24) која од Вевчани се преселила во Скопје вели дека обожава двор, па затоа нејзината тераса ја претворила во мала рајска градина со цвеќе.
Ангела Бебекоска (24) од Вевчани e студент на Факултетот за туризам и угостителство.
Таа е преселена во Скопје поради студии веќе 5 години, а и останала да живее во Скопје со нејзиниот свршеник.
Нивниот стан се наоѓа во населбата Тафталиџе, има 67. 5 метри квадратни и таа го обожава затоа што е на јужна страна и цел ден изобилува со светлина.
Проговоривме со неа за уредувањето на нејзиниот дом:
„Идејата за уредување на домот ја црпев од профилите на Инстаграм и Пинтерест.
Кога станува збор за уредување на домот сакам да биде уреден по вкус и секој детаљ да се вклопува со целокупниот ентериер. Всушност, домот нè претставува нас.
Уживам во дневната соба, која изобилува со светли бои што прават да се чувствувам релаксирано и одморено, благодарение на дневната светлина која ја имаме преку целиот ден.
Омилен дел од денот ми се утрата кои најчесто ги поминувам во спалната соба со добра книга и секако добро направено кафе.
За време на празниците и различните годишни времиња најчесто ги менувам вазните, перниците и некои одредени детали.
Омилено декорирање ми е за време на божиќните и новогодишните празници.