На гости кај Вера Калин: Впечатлив дом во Скопје обоен во зелено – сиви тонови (фото)
Бидејќи домот е комбинација од парчиња кои ми го привлекле и задржале вниманието во морето идеи на интернет, немам некое особено „омилено“ катче.
Најважно од сѐ при самото уредување ми беше секое ќоше да е максимално искористено и функционално (дури и таа функција да е чисто декоративна).
Од отоманот за читање, до „собата за сонување“ како што си ја нарекувам спалната во која често пишувам, па сѐ до работната соба која особено ми се најде во овој период кога работам од дома - уживам во секој дел од домот.
Сепак, можеби најмногу уживам во терасите - ги имаме во секоја соба, и визуелната широчина која му ја даваат на просторот заедно со погледот кон Водно беа едни од главните причини поради кои заедно со моето момче избравме токму овој стан да го претвориме во наш дом.
Уште фотки од домот на Вера Калин:
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
С. С. | Црнобело