На гости кај Александра од Скопје: Современ стан со софистицирани детали (фото)
- Детали
- сабота, 19 септември 2020
Овој скопски стан е уреден во современ стил, а главен фокус му е островот во кујната и огромните прозорци кои го прават светол и привлечен.
Александра Бабамова, има 31 година, а по професија е специјалист за социјални медиуми. Живее во одлично уреден стан во Центар, а омилена просторија за престој ѝ е дневната соба.
Проговоривме со неа околу инспирацијата за уредувањето:
„Омиленото катче во домот ми се дневната и кујната, затоа и при реновирање се одлучивме да го срушиме ѕидот што ги дели и да добиеме една поголема заедничка просторија во која сите омилени работи ми се на куп.
Идејата ја добив по бескрајното скролање на Pinterest кадешто спојував елементи од скандинавскиот стил на уредување и оној од Њујорк за на крај да добијам идеја што точно сакам.
Омилениот детаљ (иако можеби и најголемиот детаљ во домот) ми е кујнскиот остров кој преку ден го користиме за припрема за готвење, а навечер за чаша вино и муабет.
Островот им е омилен и на моите три мачки, мислам дека и повеќе од јасно се гледа на една од фотките.