Канцеларии во кои ќе сакате да работите и без плата (фото)
- Детали
- вторник, 10 март 2020
Статистиката вели дека просечниот човек минува 10 години од животот во канцеларија или на работното место.
За среќа, компаниите се обидуваат да ја направат работната средина што е можно попријатна за своите вработени.
Сè почесто слушаме за компании кои дозволуваат носење миленичиња, компании кои одделуваат простор за рекреација на вработените и компании кои ги прават канцелариите вистинска оаза.
Во продолжение погледнете неколку канцеларии во кои сигурно би работеле и без плата:
Канцеларии во форма на брод
Канцелариите на компанијата Inventionland се направени во форма на брод. Вработените работат на куќички на дрво и на „палубата“, а масите им се направени со буриња.
Директорот на компанијата смета дека не е во ред вработените да седат пред компјутер со часови, па за да им овозможи кратко бегство, направил навистина креативна атмосфера.
На овој начин, сите вработени, артисти и дизајнери ја добиваат потребната инспирација без воопшто да ја напуштат канцеларијата.
Футуристичките канцеларии на Red Bull
Компанијата Red Bull има канцеларии во едно австриско село.
Канцелариите се наоѓаат сред езеро и со текот на времето станале една од главните атракции во селото.
Канцелариите на Google во Калифорнија
Вработените на Google имаат пристап до фитнес-центар, хемиско чистење, сауна, кафетерија, базен и спортски игралишта. Истовремено, сите вработени можат да ги користат велосипедите што ги овозможува Google.
Интересно е што многу од велосипедите исчезнуваат – луѓето кои живеат во близина сметаат дека велосипедите се достапни за сите, па си ги користат и тие.
Како сето ова да не е доволно, на територијата на компанијата има и фризер, но и градинка за децата на вработените.
Канцелариите во Цирих, пак, имаат соба „аквариум“ во која вработените можат да се релаксираат.
Канцеларија со најубав поглед
Оваа фотографија е направена од личност која управува една од жичарниците во Швајцарија.
Ова е поглед што не го заменува ништо.
Канцелариите на Amazon во Сиетл
Од Amazon сметаат дека канцелариите кои се идентични една на друга ја намалуваат ефикасноста на вработените.
Па, канцелариите на компанијата во Сиетл наликуваат на градина – овде се засадени над 40.000 растенија, од дури 30 различни држави.