Како изгледаат новите канцеларии на Вип? (фото+видео)
- Детали
- четврток, 20 септември 2018
Новите деловни простории во строгиот центар на Скопје се дизајнирани да обезбедат највисока агилност во работењето и најдобар работен ден за сите вработени.
Скопје, 20 септември 2018 - Телекомуникацискката компанија Вип и официјално ги отвори вратите од новата управна зграда. Лоцирана во центарот на Скопје, на Плоштадот “Пресвета Богородица”, новата деловна зграда на Вип има 8 ката и располага со 8400 м2 корисен работен простор за повеќе од 830 вработени.
Новата деловна зграда на Вип е конципирана во согласност со последните трендови за уредување на деловните простории и користење на напредна технологија, односно е уредена според т.н. агилен принцип на работење кој се базира на физичка функционалност, но и на севкупната филозофијата за поттикнување на агилноста како појдовна точка во креирање на високо ниво на задоволство на вработените, а следствено на тоа, пресретнување на потребите на корисниците и осигурување на супериорно корисничко искуство.
„Одлуката да се вселиме во нова деловна зграда дојде природно, како логичен редослед со кој го следиме растот на компанијата од една страна, но уште повеќе, да им обезбедуваме на нашите вработени работна средина која ќе придонесе кон зголемување на нивната ефикасност и флексибилност, унапредување на тимската работа, подобрување на транспарентноста во работењето и полесна комуникација. Новите простории во целост ја поддржуваат нашата корпоративна култура и постулатите врз кои таа се заснова – тим, агилност и доверба, кои во комбинација со напредните дигитални решенија, гарантираат ултра модерни услови за работа за сите постојни, но и идни вработени. Новите деловни простории се еден убав почеток и стимул за пресретнување на сите предизвици кои во иднина, заедно со нашите вработени ќе ги совладуваме“ – изјави Мислав Галер, извршен директор на Вип.
Во новата зграда на Вип за формалните и деловни средби, на располагање за вработените се повеќе од 40 поголеми и помали дигитализирани сали за состаноци, како и простории за видео и теле конференции опремени со врвна технологија.
За неформалните средби, на вработените им се достапни повеќе отворени позиции, т.е. „фокус соби“ кои се наменети за кратки и брзи состаноци, а пак за дружење и релаксација, новите простории располагаат со кујни на секој од катовите, соба за релаксација, како и кантина.
Во рамките на новиот простор е сместен мултимедијален и мултифункционален центар, со доволен капацитет да излезе во пресрет на потребите на компанијата за директна комуникација со вработените, или пак медиумите, а во насока на промовирање на транспарентноста и отвореноста на компанијата за соработка со сите засегнати страни.
Концептот на „агилна организација“, инаку, подразбира култура на однесување и работење која има за цел да ја зголеми продуктивноста и транспарентноста на компанијата, и тоа од секој аспект на деловното работење.
Тоа подразбира поддржување на поголема флексибилност во работењето, создавање отворена работна средина без прегради и ограничувања, вклучително и за топ менаџментот, поттикнување поголема мобилност на вработените и што повеќе можности за тимска работа.
Во насока на поддршка на младите ентузијасти и креативци, Вип ги отстапи внатрешните ѕидови на секој кат, на неколку графити артисти кои ја поттикнуваат креативноста и позитивното расположение на вработените. Со ова Вип дополнително го потенцира невообичаениот пристап кој им го нуди на своите вработени.
Погледнете како изгледаат новите канцеларии на Вип на видеото подолу:
Повеќе информации за Вип можат да се најдат на www.vip.mk