Како изгледа еден од најскапите станови во центарот на Њујорк? (фото)
- Детали
- недела, 16 септември 2018
Замислете да се капете во мермерна када со поглед на Менхетен или пак да пиете шампањ во вашето џакузи на тераса.
Реновиран стан од 726 метри квадратни метри на Менхетен, во соседството SoHo, се продава по цена од 65 милиони долари и е еден од најскапите станови во Њујорк. Се наоѓа во зградата во која некогаш живеел актерот Хит Леџер, до неговата смрт во 2008 година.
Овој воодушевувачки пентахус има неверојатно софистициран дизајн и посветено е огромно внимание на деталите. Има 4 спални соби и 6 тоалети од мермер, а дневната соба е огромна со прозорци на таванот и два камини. Станот има и голема кујна со пултови од црн гранит.
Станот има 6 тераси, а на една од нив има камин, додека на друга џакузи.
Во областа во која се наоѓа има низа бутици на познати светски брендови.
Како изгледа луксузниот пентхаус:
С. С. | Црнобело