Atlantis Books - книжарница на Санторини што го освојува секој читател

Сите посакуваме да отпатуваме на Санторини, вулканските острови сместени во Егејското море, некои од нас веќе ги имаат и посетено, но, кој и да стапнал на оваа грчка дестинација, сигурно ја забележал книжарницата Atlantis Books.

atlantis-books-knizarnica-na-santorini-shto-go-osvojuva-sekoj-citatel-001.jpg

Фасциниран од самата книжевна атмосфера, дознав дека книжарницата е отворена во пролетта 2004 година, но нејзините почетоци се размрежувале уште во 2002 година, откако двајца пријатели, Оливер и Крег, поминале недела дена на Санторини.

Инспирирани од убавината на островот и фактот што немало книжарница, одлучиле да отворат една. Отворањето на книжарницата била водена од задоволување на своите желби и соништа, а финансискиот дел воопшто не бил пресуден за реализирање на идејата.

atlantis-books-knizarnica-na-santorini-shto-go-osvojuva-sekoj-citatel-2-1.jpg

И така, група на пријатели од Кипар, Англија и Америка, повторно допатувале на Санторини, подготвени да ја отпочнат приказната за Atlantis Books.

Нашле мачка и куче, како верни придружници, отвориле сметка во банка и аплицирале за лиценца.

Со сопствени раце направиле полици, кои ги пополниле со книги и откако сé било подготвено за стартување, целата книжарница со вкус била декорирана.

atlantis books knizarnica na santorini shto go osvojuva sekoj citatel 1

Ова независна книжарницата, каде може да се најде секаков вид на литература и чија внатрешност потсетува на куќарките од Хобит е простор за секој љубител на книги, на луѓето жедни за нови приказни и доживувања.

Балконот што е во склоп на Atlantis Books ќе ви овозможи релаксирачка атмосфера за читање, додека уживате во скротувачки бранови на Егејското море и поглед кој смирува.

Основачите на книжарницата редовно организираат книжевни настани, си имаат свој клуб на читатели, како и фестивали посветени на храна и филм.

atlantis-books-knizarnica-na-santorini-shto-go-osvojuva-sekoj-citatel-2-8.jpg

Покрај Shakespeare and Company во Париз, и книжарницата Лело во Порто, кои сите ги знаеме, Atlantis Books е уште едно магично место каде светот на реалноста и фикција се испреплетуваат, каде книгите едвај чекаат да се сместат во рацете на читателот.

Не заборавајте, ако планирате летото да отпатувате на Санторини, тогаш овој простор ќе ви ја разбуди имагинацијата и ќе ве натера да читате уште повеќе.

atlantis-books-knizarnica-na-santorini-shto-go-osvojuva-sekoj-citatel-2-2.jpg

atlantis-books-knizarnica-na-santorini-shto-go-osvojuva-sekoj-citatel-2-5.jpg

atlantis-books-knizarnica-na-santorini-shto-go-osvojuva-sekoj-citatel-2-9.jpg

atlantis-books-knizarnica-na-santorini-shto-go-osvojuva-sekoj-citatel-2-10.jpg

atlantis-books-knizarnica-na-santorini-shto-go-osvojuva-sekoj-citatel-2-11.jpg

atlantis-books-knizarnica-na-santorini-shto-go-osvojuva-sekoj-citatel-2-6.jpg

atlantis-books-knizarnica-na-santorini-shto-go-osvojuva-sekoj-citatel-2-3.jpg

atlantis-books-knizarnica-na-santorini-shto-go-osvojuva-sekoj-citatel-2-4.jpg

atlantis-books-knizarnica-na-santorini-shto-go-osvojuva-sekoj-citatel-2-7.jpg

atlantis-books-knizarnica-na-santorini-shto-go-osvojuva-sekoj-citatel-2-14.jpg

atlantis-books-knizarnica-na-santorini-shto-go-osvojuva-sekoj-citatel-2-12.jpg

Автор: Евгениј Хоуп | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Во домот на Моника Зец: Вистинска празнична бајка во Скопје Домот на Моника Зец Медуњанин во Скопје е вистинска празнична инспирација... ...
5 локали во Куманово со пријатна атмосфера (за кафе, храна или опуштено дружење) Ако патот ве одведе накај Куманово и не знаете каде да испиете кафе или каде да ...
Локал во Скопје со шмек на Амалфи: Лимони, весела атмосфера за уживање и топ Инстаграм фотки (видео) Breadway Taste Gallery во центарот на Скопје, локал кој неколкупати во годината ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg