Кралски воз: Ѕирнете во „мобилната канцеларија“ на Британската монархија

Постои добра причина зошто возот на Британското кралско семејство го нарекуваат „Бакингемска палата на тркала“.  

kralski-voz-dzirnete-vo-mobilnata-kancelarija-na-britanskata-monarhija-01.jpg

Дизајниран во 1842, во времето на Кралицата Викторија, овој воз служел за да ги смести членовите на кралското семејство кога оделе на посети во други земји.

Во минатото, возовите се сметале за превозни средства на луѓето од високата класа, па кралскиот воз е уреден како вистинска палата. Од почетокот до сега, возот претрпел неколку трансформации во ентериерот.

Денес, во кралскиот воз има трпезарија за 12 луѓе, посебен салон за Кралицата Елизабета, посебен за Принцот Филип, простор за спиење, просторија за послугата во возот и „дневна“ соба со удобен мебел за седење.

Возот денес претставува еден вид на „мобилна канцеларија“ на членовите на кралското семејство во Британија, но не е познато уште колку време ќе се користи, бидејќи трошоците за негово одржување се многу високи и британските власти тоа го сметаат како непотребно потрошени пари.

Ѕирнете како изгледал кралскиот воз порано, а како изгледа денес:

М. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

На гости кај семејството Папакоч во Љубаништа: Куќа од 100m2 со базен, мебел од бамбус и многу розов... „Во минатото, ова ни беше летна резиденција, а сега е постојан дом на моите роди...
Празнична магија во домот на семејството Митаноски во Дојран - Новогодишно украсена куќа која буди ч... „Домот за претстојните празници го украсувавме два дена. Во дворот доминираат ша...
Празнична бајка во домот на семејството Божинови во Битола: Тематски декорирани елки, уникатни украс...  „Oваа година салонот го претворивме во една божиќна кројачка работилница. ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg