Дом за млад пар во само 28 метри квадратни (фото)
- Детали
- среда, 03 мај 2017
Иако звучи како тешка задача, па дури и невозможна мисија, овој стан е одличен пример дека со добра организација ништо не е неизводливо, па ни тоа комплетно да го опремите еден толку мал простор за живот во двојка.
Повеќето луѓе ќе се согласат дека 28 метри квадратни е премала површина за постојан престој и остварување на секојдневните потреби на едeн млад пар.
Сепак, доколку внимателно се испланира и преуреди, дури и вака минијатурно катче може да се претвори во пристоен дом за почеток на заедничкиот живот. Но, како?
Во конкретниов пример, не само што максимално е искористен просторот од 28 метри квадратни, туку тоа е направено и на мошне вешт и мудар начин, задоволувајќи ги притоа сите барања на станарите кои во него престојуваат.
Резултатот е убав и функционален дом, со одвоена кујна, импровизирана спална соба и бања со када, а со низата паметните решенија, дизајнерот успеал да обезбеди и доволно место за складирање.
Декорот во ентериерот е обединет од црно-белите графички плочки на подот, кои минуваат низ ходникот, кујната и бањата. Неутралната сива нијанса ја сочинува основата на станот, додека м ебелот е бел или во боја на дрво.Ѕидот зад креветот има ефект на бетон, што дополнително го нагласува големиот дрвен кревет.
Иако е мал, нам ни изгледа мошне модерно, привлечно и практично, барем за привремено живеење. Што мислите вие?
Ѕирнете ги фотографиите и зграбете ја најдобрата идеја и за својот дом:
М. А. | Црнобело