Најубавиот зелен бар-ресторан во Амстердам (фото)
- Детали
- петок, 16 септември 2016
Локација: Амстердам Име: BAR BOTANIQUE CAFE TROPIQUE Површина: 350 м2 - Овие податоци се впишани во личната карта на прекрасниот зелен рај во Амстердам...
Угостителството одамна го надмина шаблонот на уредување на објектите.
Bar Botanique Café Tropique во Амстердам целосно си го оправдува своето име, тоа е мало парче зелена ботаничка градина, со примеси на разлистана џунгла.
Палми, филодендрони и тропски мотиви се протегаат низ целиот ресторан, кој нуди чувство на потполна релаксација за очите и одмор за душата.
Секој детаљ е промислен и внимателно одбран, боите, дезенот на шанкот, столчињата и осветлувањето.
Погледнете го целосниот ентериер и катапултирајте се во оваа преубава холандска кантина:
(О)Милена | Црнобело