Елегантно и софистицирано: Сиви дневни соби
- Детали
- петок, 30 јануари 2015
Ако сакате во ентериерот да постигнете удобна атмосфера, а веќе доста ви е од белите ѕидови, тогаш одберете ја сивата боја за својата дневна соба.
Секогаш елегантна и софистицирана, сивата боја во сите свои нијанси има далеку поголема предност пред останатите бои.
Може лесно да ја комбинирате со посветли нијанси кои ќе дадат посебна свежина на просторот. Но, ако не ги обожавате светлите бои, може да се задржите на елеганцијата која ја нуди сиовата боја.
Покрај убавиот изглед, сивата е и една од најлесните бои за одржување на чистотата во домот. На сивата гарнитура, теписите или мебелот најмалку се познава прашината, па не мора да сте постојао со крпата во раце.
Ако се одлучите за сивата боја одберете само тоа да биде малку поголема просторија, бидејќи сепак таа го смалува просторот. Доколку немате таква можност, тогаш одберете некоја од посветлите нијанси од сивата палета.
Погледнете ги сите волшепства на сивата боја во овие дневни соби уредни со многу стил:
Би можело да ве интересира:





