Необична куќичка со фасцинантен поглед кон Алпите (фото)
- Детали
- понеделник, 06 јануари 2014
На прв поглед необичната колиба потсетува на НЛО кое случајно се спуштило на алпските падини или на ретро караван кој застанува попатно.
Но, ако малку подобро го погледнете нејзиниот интересен ентериер и целокупниот концепт, сигурно ќе ве воодушеви.
Колибата се наоѓа во источниот тиролски регион на Австрија, а има само 45 квадратни метри.
Дрвената внатрешност и многуте прозори ја прават удобна, светла и пријатна. Иако е малечка во неа може да спијат и повеќе од тројца.
Интересно и необично се искомбинирани елементите и вешто е искорстен целиот простор.
Би било навистина идеално да имате ваква зимска оаза во која божиќните празници ќе ги поминете во снежна идила однадвор и уникатна удобност и топлина однатре.
Погледнете како изгледа оваа дрвена колиба