На гости кај Верче: Велигденски украсен дом во Скопје - јајца направени со декупаж техника, уникатни детали (фото)
Избирам салфетки со пролетни, цветни мотиви.
Салфетките најчесто имаат три слоја – го користам само горниот, оној со принтот.
Со мека четка нанесувам тенок слој од белката од јајцето, го поставувам мотивот и потоа нежно преминувам врз него со уште еден слој за да се фиксира.
Оваа година радоста е уште поголема затоа што мојот син Тадеј полни 2 години (на 20.04) токму на Велигден.
Тој веќе почнува да разбира, да се радува и активно да учествува во празничните активности дома.
Со воодушевување ги гледаше боите, цветчињата и украсените јајца.
Моментите кога заедно се смееме, играме и се восхитуваме на магијата на Велигден ми се најдраги и незаменливи“.
Прочитајте и Бајковитата свадба на Дарко и Верче од Скопје, со гулаби, прскалки и уникатен бидермаер: „Многу работи направивме сами“
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
Симона Симионова | Црнобело
Би можело да ве интересира:





