Кул пекарница во Солун, со највкусните кроасани - „Senol“ е уживање за сите сетила
- Детали
- сабота, 02 септември 2023
Во близина на шеталиштето покрај море, во срцето на Солун, се наоѓа необична пекарница во која се прават најубавите кроасани во градот...
Во центарот на Солун, по една од уличките по кои најверојатно никогаш не сте поминале се наоѓа „Senol“, необичната пекарница каде што се произведуваат највкусните кроасани во Солун.
Редот пред локалот е секогаш долг, а муштериите некогаш чекаат и по половина час да дојдат на ред и да ги пробаат автентичните кроасани, но и да ги фотографираат за на Инстаграм.
Се прават во форма на коцка, тркало или класичен кроасан. А вкусовите не се опишуваат со зборови. И варираат - лимон, шумско овошје, нутела, орео, ф'стак...
Има дури и солени комбинации. За секого по нешто.
Ако сакате да пробате нешто конкретно, најдобро е да си порачате однапред и ќе ви ја чуваат нарачката.
Иако има огромна побарувачка за вкусните кроасани полни со мек фил, локалот има само 3-4 масички. Затоа не можете да резервирате маса за седење.
Но, оттука до кејот се стигнува за неколку минути пешки, па можете да ги јадете кроасаните седнати на шеталиштето покрај море.
Вистинско уживање, дури и преку фотки.