Мила и Дарко од Скопје се преселија во Орешани: „Градот почна да нè гуши, тука го пронајдовме својот мир“

„Официјално се преселивме во Орешани во пролетта 2021, откако по не знам кој пат ни се изменија плановите, но сега Орешани не го менуваме за ништо на светот. Имаме градина со малини, капини, рибизли, аронија, боровница и брусница, плус неколку видови јагоди, од кои шумските ми се омилени. Секоја година, покрај зачинските билки, садам и домати, краставици, пиперки, рукола, спанаќ. Идилата ја делиме со 3-те кучиња – Снупи, Морковче и Оревче, плус страчката Пилче“, раскажува Мила (42) од Скопје за CRNOBELO.com за домот кој го дели со сопругот Дарко.

mila-i-darko-od-skopje-se-preselija-vo-oreshani-gradot-pochna-da-ne-gushi-tuka-go-pronajdovme-svojot-mir-01.jpg

Мила (42) – freelance фотограф oд Скопје и сопругот Дарко (45), ИТ инженер кој претежно работи онлајн од дома, исто така од Скопје, одлучија главниот град да го заменат со живот во викенд населбата Орешани, која се наоѓа на само 5 минути пешачење од истоименото село, кое брои 600 жители.

Мила вели дека викенд населбата е што помирна од селото и дека таму со Дарко го пронашле својот мир.

Тие си имаат своја градина од која се хранат, руралната идила ја делат со милениците и гледаат колку што е можно поретко да го посетуваат Скопје, дури и намирници набавуваат онлајн, а маркетите им вршат достава.

Мила ја споделува нивната приказна за CRNOBELO.com:

„Официјално се преселивме во Орешани во пролетта 2021, откако по не знам кој пат ни се изменија плановите.

mila-i-darko-od-skopje-se-preselija-vo-oreshani-gradot-pochna-da-ne-gushi-tuka-go-pronajdovme-svojot-mir-28.jpg

Како и многу луѓе од Македонија, иднината дотогаш ја гледавме во странство, многу патувавме и секаде се чувствувавме повеќе како дома, отколку дома во Скопје.

Сонувавме за живот во некое мирно, тивко и чисто место со опуштени, среќни луѓе, а секогаш бевме принудени да се вратиме назад во хаосот, да живееме во грч, константно напнати од некултурата, затруени, зашеметени од вревата што не дозволува да си ги чуеш ни сопствените мисли.

mila-i-darko-od-skopje-se-preselija-vo-oreshani-gradot-pochna-da-ne-gushi-tuka-go-pronajdovme-svojot-mir-04.jpg

Во меѓувреме свекор ми и свекрва ми си купија плац во Орешани и полека, во текот на некои 10 години, сами на него си градеа куќа и планираа да се преселат во неа.

mila-i-darko-od-skopje-se-preselija-vo-oreshani-gradot-pochna-da-ne-gushi-tuka-go-pronajdovme-svojot-mir-21.jpg

Последните години доаѓавме и ние да им помагаме и секојпат враќањето во Скопје сè потешко ни паѓаше.

mila-i-darko-od-skopje-se-preselija-vo-oreshani-gradot-pochna-da-ne-gushi-tuka-go-pronajdovme-svojot-mir-11.jpg

Но, поради здравствени проблеми што ги врзуваа за Скопје, свекор ми и свекрва ми не можеа да се преселат, па кога се оспособи доволно од куќата за живот – ни дозволија нас да се преселиме таму.

mila-i-darko-od-skopje-se-preselija-vo-oreshani-gradot-pochna-da-ne-gushi-tuka-go-pronajdovme-svojot-mir-08.jpg

Во екот на пандемијата светот многу се смени и веќе воопшто не ни беше привлечен за шетање, па така падна одлуката тука да се закотвиме.

mila-i-darko-od-skopje-se-preselija-vo-oreshani-gradot-pochna-da-ne-gushi-tuka-go-pronajdovme-svojot-mir-18.jpg

Прв културен шок беше топлото добредојде од сите соседи, „Што и да затреба кажувајте, тука сме“, реченица што никогаш не сме ја слушнале во Скопје.

mila-i-darko-od-skopje-se-preselija-vo-oreshani-gradot-pochna-da-ne-gushi-tuka-go-pronajdovme-svojot-mir-10.jpg

Подоцна сфативме дека и целото соседно Зелениково така функционира, не можеш да седнеш во кафена без да се запознаеш со сите што ќе влезат, а додека ја изедеш салатата си им ја раскажал целата животна приказна.

mila-i-darko-od-skopje-se-preselija-vo-oreshani-gradot-pochna-da-ne-gushi-tuka-go-pronajdovme-svojot-mir-16.jpg

До крајот на главното јадење имаш разменето телефонски броеви или Фејсбук профили со сите од соседните 3 села. После сите имаме „човек за тоа“, без оглед кој занает е „тоа“.

mila-i-darko-od-skopje-se-preselija-vo-oreshani-gradot-pochna-da-ne-gushi-tuka-go-pronajdovme-svojot-mir-07.jpg

Втор културен шок – нема криминал. Како параноични скопјани, прво инсталиравме камера, па се вселивме.

mila-i-darko-od-skopje-se-preselija-vo-oreshani-gradot-pochna-da-ne-gushi-tuka-go-pronajdovme-svojot-mir-27.jpg

Сега, таа камера служи за нашите кучиња да ги гледаат другите кучиња и овците кога поминуваат пред куќа.

mila-i-darko-od-skopje-se-preselija-vo-oreshani-gradot-pochna-da-ne-gushi-tuka-go-pronajdovme-svojot-mir-13.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Goupil Le Fol – Кафуле во срцето на Брисел кое потсетува на музеј На неколкуте ката и тесните премини и скали ќе откриете ѕидови натрупани со книг...
Не е Лапонија, Скопје е – Иглу сместување среде дивина со поглед на Езерото Козјак (фото) Спална со кревет под ѕвездите, прво утринско кафе среде дивина, па дури и тушира...
Боинг 737 претворен во луксузна вила со прекрасен поглед - би се сместиле ли тука? На врвот на карпата во близина на плажа во Бали се наоѓа авион. И не, не е таков...
6 ресторани во природа низ Македонија за совршен викенд ручек Од локали ѕидани од камен во чиј ентериер е вложено навистина многу до локали на...
Новогодишна магија: Тура низ празнично украсени локали во Македонија Мексикански ресторан во Неготино организира божиќен базар, а во неколку локали н...
Најубавиот ресторан над Которскиот Залив – се стига со жичница, има неверојатен поглед На планината Ловќен над Котор, се наоѓа најубавиот ресторан со магичен поглед ко...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg