Виолетова перуника: Предлог цвеќе кое ова лето ќе ја разубави вашата градина
Од сите можни билки старите Словени најмногу ја ценеле перуниката која го добила името од богот Перун и неговата жена Перуника. Верување било дека онаму каде допира виножитото заедно со молњите на богот Перун никнувала перуника.
Со својата впечатлива уникатност и убавина, перуниката има бројни симболички значења.
Во античка Грција се врзувала за божица Ирис и претставувала персонификација на виножитото. Виолетовите ириси се саделе на гробовите на девојките за да ја повикаат божицата да ги води на нивниот задгробен пат.
За време на средновековието се врзува со Француската монархија и се препознавала како национален и кралски симбол особено за време на владеењето на Карло Велики.
Во Јапонија означувала победа, а во кинеската уметност била инспирација за крилјата на пеперутките и боите на виножитото. Перуниката се врзувала со самовилите на раното лето.
Постојат повеќе од 200 видови, но најчести се оние со сина боја и бели точки. Цветаат од мај до јули и имаат многубројни лековити својства.
Доволен ви е еден грам прав од коренот на перуниката во секојдневната исхрана во склоп на оброците како зачин или помешан во 2dl вода за пиење.
Помага при хроничните воспаленија на желудникот како и кај уринарните инфекции. Смирува болки и добар се за малите деца на кои им растат првите заби.
Што е најважно можете да го одгледувате во вашата градина.
Уживајте во галеријата: