Во градината на Викторија: „Син ми обожава да ми помага, си готвиме манџи од свежо набрани продукти“
Започнете ја и вие вашата приказна со мали чекори, засадете една-две саксии со растенија како босилек, магдонос, нане, оригано и ќе имате секогаш за домашен чај или зачин во салата и манџа, ќе ја добиете вашата мала оаза на билки и цвеќиња и по некое стебло на шери домат, а следната година можеби и јабучар и некое пиперче.
Доколку имате двор или викенд куќа за еден т.н. garden bed ќе ви се потребни неколку палети и чиста земја со природно ѓубриво.
Следниот чекор ќе го направите сами водени од идејата за компостирање на ѓубриво или самостојно правење на расад за следната сезона.
И така проектот ќе биде успешно започнат и ќе трае и ќе трае, а вие сте поминале на повисоко ниво на постоење, трансформирани во смирена и хармонична личност исполнета со љубов кон растенијата, храната, животните и секако кон себе.
Така ќе шириме љубов и ќе го почитуваме трудот, бидејќи самата работа е задоволство“.
Прочитајте и Мила и Дарко од Скопје се преселија во Орешани: „Градот почна да нè гуши, тука го пронајдовме својот мир“
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
Симона Симионова | Црнобело