9 навики на луѓето кои секогаш имаат чисти домови
Психологијата вели дека луѓето се градат преку навиките. Константноста во работите може да ви го направат животот поуспешен, посреќен или едноставно – почист.
Што прават константно луѓето кои имаат беспрекорно чисти домови?
1. Со правосмукалка ги чистат сите делови
Не само теписите и подот, туку и сите ќошиња по таванот и местата кои фаќаат прашина.
2. Знаат дека постои правилен начин за бришење на прашината
А, тоа е со движење на раката како да обликувате Ѕ буква, наместо кружно да ја замачкувате површината.
3. Не ги чуваат сите средства за чистење на едно место
Наместо тоа, средствата за чистење ги чуваат соодветно на собата или предметите за кои се наменети. На тој начин полесно и побрзо посегнуваат по нив.
4. Не ги трупаат ситниците во посебни корпи или на масички
Избегнуваат да акумулираат непотребни ситници. Сите хоризонтални површини ги чуваат уредни и без предмети на нив.
5. Секогаш го пребришуваат мијалникот
По миењето на садовите, клучно е да го пребришете мијалникот со сува крпа, како би избегнале создавање на дамки од бигор.