9 работи заради кои домот ви изгледа валкано и неуредно и покрај тоа што сте чистеле
Измастени соларници, купишта празни ќеси, расфрлани кабли и стари пластични шишиња – некогаш не е доволно само да исчистите со правосмукалка и да поминете со крпче.
Иако честопати многумина знаат да кажат дека правеле генералка, запрашајте се дали навистина тоа било така?
Не е доволно само темелно да се собере прашината, да се избришат прозорците и да се прередат украсите.
За домот да ви блеска и да биде уреден, треба постојано да го одржувате, плус да обрнувате внимание на работи кои ги заборавате при генералките.
Колку и да чистите, домот ќе ви остане неуреден ако:
Заборавате да ги исчистите лајсните од плакарите
Во нив се собира многу прашина и влакна, па потребно е темелно да ја извлечете нечистотијата со тенок предмет, да поминете со правосмукалка и со мокра крпа.
Фиоките ви се полни со празни, пластични кеси
Наместо по секое пазарење да го полните секое празно ќоше со празни кеси кои ќе се прелеваат, користете платнени вреќи за пазарење.
Користите течен сапун во валкано пакување
Наместо да префрлате нов сапун во истиот сад за сапун, кој е стар, валкан од допирање со нечисти раце, подобро одберете автоматски диспензер.
Имате расфрлана опрема насекаде
Да, знаеме, ако вежбате секој ден сакате да ви е при рака, но тоа што насекаде по домот има тегови, ластици, подлога за вежбање, патики и слично создава огромен неред, независно колку ќе бришете од околу.
Кујната ви е полна со празни, пластични шишиња
Наместо да купувате пластични шишиња кои од непознати причини ги редите на работната маса, купете си шише од квалитетен материјал за повеќе употреби, но чистете го темелно по секоја употреба, независно што е само ваше и во него пиете само вода.