8 неочекувани трикови во домот кои може да ги направите со правосмукалката
Исчистете го филтерот од машината за перење
Во филтерот од машината за перење алишта се собираат ситни топчиња од облеката којашто секојдневно ја одржуваме. Со помош на правосмукалката детално исчистете го филтерот (oткако претходно сте го оставиле да се потсуши) и вратете го на место.
Дезинфицирајте ги перниците кои мирисаат лошо
Некои перничиња кои не се перат со текот на времето примаат лош мирис. Истурете сода бикарбона врз нив и оставете да делува околу 30 минути. Соберете ја со помош на правосмукалката, ќе мирисаат чисто, како штотуку да сте ги испрале.
Исчистете си ја тастатурата
Навистина не е потребно премногу објаснување во овој дел. Нашата тастатура е дом на трошки, прашина, чипс и многу други нечистотии, а со помош на правосмукалката лесно ќе ги соберете и ќе ја исчистите.
Вакумирајте ја облеката
Овој трик е очигледен, но вреди да се спомене, бидејќи многумина ги забораваме ќесите за вакумирање кои ни штедат простор во домот. Едноставно вакумирајте ги работите со помош на добрата, стара правосмукалка.
(О)Милена | Црнобело