8 неочекувани трикови во домот кои може да ги направите со правосмукалката
Сега барем имаме доволно време да му се посветиме на домот. Повеќе нема изговори. Правосмукалката најчесто ја користиме за најочигледната намера – собирање прав во домот.
Но, можете ли да претпоставите за што сè друго може да послужи?
Направете домот да ви мириса прекрасно
Направете топче од памук или пак на тупфер нанесете неколку капки од вашето омилено есенцијално масло или парфем и ставете го во ќесата на правосмукалката додека чистите. Вашиот дом ќе мириса свежо и пријатно.
Држете ги алергените подалеку од домот
Во моментот кога започнува топлото време и прозорците се ширум отворени, рамките на прозорците стануваат дом на многу прав и алергени, како полен. Со помош на додатокот од правосмукалката исчистете ги детално рамките и држете ги алергените подалеку од домот. Повторувајте ја постапката еднаш неделно.
Соберете ги ефикасно трошките
Претпоставуваме дека ви се собираат многу трошки во тостерот или пак на површината на шпоретот. Со помош на правосмукалката лесно може да ги соберете сите до една.
Исправете ги дупките во килимот
Кога одредено парче мебел стои долг временски период на едно исто место, има тенденција да прави нерамнини и дупки во тепихот. Ставете неколку коцки мраз на ваквите места и оставете ги да се стопат. Под дејство на водата влакната од ткаенината ќе се исправат, а потоа поминете ги со правосмукалка за да се вратат во првобитната форма.