Мајка со брилијантен трик како да се троши помалку тоалетна хартија во домаќинството
Брзото вртење на ролната правело нејзините деца да трошат тони тоалетна хартија периодов во домашна изолација...
Тоалетната хартија е „скапоцена работа“ периодов, во супермаркетите рафтовите брзо се празнат, па една мајка смисли трик како да направи ролната тоалетна хартија да трае подолго во нејзиното домаќинство.
Трикот се состои во тоа што пред да ја стави ролната, прво ја притиска и со таков променет облик ролната нема брзо да се врти кога ја повлекуваат нејзините деца, а резултатот е – користење помалку хартија при одење во тоалет.
Таа со својот изум им кажа збогум на брзото вртење и трошење на многу тоалетна хартија периодов додека сите членови од нејзиното семејство се дома.
С. С. | Црнобело