20 корисни совети кои ќе ви го олеснат секојдневното домаќинство
11. Не чекајте дамките да се исушат.
Колку повеќе ја одложувате „борбата со дамките“, толку е потешко да се ослободите од нив. Избришете сè што сте истуриле веднаш додека е свежо.
12. Чувајте го сапунот на место каде што вишокот вода може да истече, во спротивно тој ќе се стопи за помалку од три дена.
13. Не знаете како да се ослободите од мирисот од тепихот или мебелот каде што престојува вашето домашно милениче?
И за тоа постои решение.
Во шишенце за спреј истурете половина чаша вода и половина течност за плакнење на устата. Испрскајте ја саканата површина.
На испрсканата површина нанесете стари весници.
Ако весникот не го апсорбира мирисот, повторете го процесот.
14. Ако сакате да го задржите овошјето свежо подолго време, вметнете салфетки на самото дно.
Тие ќе ја апсорбираат целата влага која предизвикува плодот да ја изгуби свежината.
15. Извадете го скршениот клуч од вашата брава со нанесување на супер лепак на делот кој останал во вашата рака, поврзете го со скршениот клуч во бравата, почекајте неколку секунди и повлечете.
16. Како да ја вратите свежината на замрзнатото овошје и зеленчук?
Едноставно, попарете ги со врела вода.
17. За едноставно чистење на стаклените површини: Избришете ги со влажни весници и тие ќе заблескаат.
18. Ослободете се од (непријатните) миризби по готвењето: зовријте чешниња од каранфилче во вода 30 минути. Сите мириси во кујната ќе исчезнат.
19. Сирењето полесно се сече со тап, отколку со остар нож.
20. Извадете ја маснотијата од тепихот: Сипете сода бикарбоната над дамката, тријте, оставете ја да отстои еден ден, а потоа усисајте.
Мила М. | Црнобело