20 корисни совети кои ќе ви го олеснат секојдневното домаќинство

Домаќинството опфаќа толку многу активности и обврски, што навистина е тешко да се избројат.

20-korisni-soveti-koi-kje-vi-go-olesnat-sekojdnevnoto-domakjinstvo 01 630x340.jpg

За многумина, кои од различни причини се ослободени од оваа „привилегија“, се чини дека тоа е едноставно и во принцип - ништо страшно, но секојдневното водење грижа за домот не е воопшто лесна работа.

Како што кажавме, домаќинството е многу одговорна работа, буквално во секој сегмент.

Животот ви дава предизвик во кој мора да бидете подготвени за разни „изненадувања“, во форма на дефекти, недостаток на време, пари, енергија...

За да ги избегнеме барем оние работи кои не е задолжително да ги правиме или пак да плаќаме за нив, треба да следиме некои правила и да промениме некои навики.

Корисните совети за домаќинството се секогаш добредојдени, како за новопристигнатите домаќинки, така и за веќе искусните.

Во продолжение ви издвојуваме 20 корисни домаќински совети кои со сигурност ќе ви го олеснат секојдневието:

1. Кога вашите алишта ќе се исушат, заедно со нив кренете ги и штипките. Сонцето и дождот допринесуваат до нивно пукање, така што ќе треба да купите нови.

2. Ставете бела креда во кутијата за накит или на местото каде што го чувате вашиот прибор за јадење.

Кредата ја апсорбира целата влага, така што ќе спречи вашиот накит и прибор да потемнат.

20-korisni-soveti-koi-kje-vi-go-olesnat-sekojdnevnoto-domakjinstvo 02 630x380.jpg

3. Сода бикарбоната е најевтино средство кое експресно ги „извлекува“ непријатните мириси од вашиот фрижидер, алишта, чевли...

4. Пресолениот оброк можете да го ублажите за време на готвењето со додавање на цел излупен компир во него, што ќе го апсорбира поголемиот дел од солта.

5. Не претерувајте со омекнувачот за алишта.

Тотално непотребно е да ставате повеќе од пропишаното, затоа што освен фактот дека тој ги уништува вашите алишта, исто така, омекнувачот е опасен и за здравјето, затоа што во него се состои голем процент на хемија.

6. Не пеглајте работи што лесно се гужваат, сè додека не мора да ги облечете.

Со самото диплење тие повторно ќе се згужваат, така што шансите за нивно повторно пеглање се речиси загарантирани.

20-korisni-soveti-koi-kje-vi-go-olesnat-sekojdnevnoto-domakjinstvo 03 630x398.jpg

7. При чистење, замислете го домот како решетки или мрежа.

Применете го ова правило на големи простори, како што е подот, но исто така и на малите места како што се огледалото или полиците.

Кога ќе го поделите целиот простор на неколку помали делови, нема да прескокнете ништо и ќе завршите за побрзо време од предвиденото.

8. Чистете одозгора, па надолу.

Кога станува збор за таканаречената „генералка“, усисувањето и џогирањето оставете ги на крајот.

На тој начин ќе ја соберете целата прашина и нечистотија што сте ја избришале од мебелот.

20-korisni-soveti-koi-kje-vi-go-olesnat-sekojdnevnoto-domakjinstvo 04 630x751.jpg

9. Вашите препарати за чистење можете да ги замените со навистина чудни предмети.

На пример, користете пелени за бебиња за полирање на мебелот – во нив се крие чудесна моќ која ќе направи вашиот мебел да „свети“.

Магичните крпи (микрофибер крпи), исто така се неопходни.

Проверете ги цените во одделот за делови за автомобили – честопати цените се пониски отколку во делот за хигиена.

Користете бришач за шофершајбна за да го отстраните вишокот на вода од сите рамни површини - плочки во бањата и кујната, стакло во туш-кабината.

Исто така, тој е одличен за отстранување на дамките од подот -  подобро отколку да рибате со џогер или крпа.

10. Лакот за коса користете го исклучиво на тераса или во вашиот двор.

Кога станува збор за прашина, тој е вистински магнет, затоа не користете го во затворен простор.

Уште 10 совети на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Рерна, загорено тенџере: Што сè можете да исчистите со таблети за машина за садови? Дали стаклото на вратата од рерната ви е премногу валкано за да видите кога е го...
Совети за чистење и одржување на мебелот од ратан, кој е хит за тераса и двор Погрижете се добро да го исушите мебелот за да спречите оштетување од ...
6 совети со кои облеката ќе ви остане снежно бела како на првото носење Дали белата облека ви потемнува брзо откако ќе ја купите и веќе ја нема истата с...
Застарени парчиња мебел од кои (конечно) мора да се ослободите Пред да ја фрлите омилената фотелја, сетете се дека после години и години седење...
10 детали кои го уништуваат изгледот дури и на најубавиот ентериер Несредена работна површина во кујната, прашина на собните цвеќиња... Кои се најч...
Знаци дека имате мувла во домот + како да се ослободите од неа Поставете сензори за температура и влажност во вашиот дом, па користете ги да го...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg